Кари (езеро)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кари (езеро)map
Remove ads

Езерото Кари (ерм.: Քարի լիճ, Кари лич) — планинско ледничко езеро во Ерменија (во областа Арагацотн), сместено на врвовите на планината Арагац. Се наоѓа на надморска височина од 3,207 метри и е опкружено со планински врвови. Вкупната површина на езерото изнесува околу 30 хектари, должината на бреговата линија е 1,160 метри, а зафатнината 357,000 м3. Максималната длабочина на езерото е 8 метри. Во зима езерото е заледено и прекриено со снег.[1]

Кратки факти Езеро Кари Քարի լիճ, Подрачје ...
Thumb
Езерото Кари

На источните брегови на езерото се наоѓа метеоролошка станица, а од езерото води асфалтиран пат кон југ кој води до Бјураканската опсерваторија.

За време на квартарните глацијации највисоките планински врвови во Ерменија биле покриени со дебели ледени покривки чие топење (кое започнало пред 9,000 година) ја дало денешната форма на релјефот во планинските подрачја. Еден од тие леднички облици на релјеф е впрочем езерото Кари на планината Арагац.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads