Арманќој
предградие на Солун From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Арманќој (Харман Ќој или Арманово; грчки: Εύοσμος, до 1955 г. Νέος Κουκλουτζάς, Неос Куклуѕас,[2] до 1927 г. Χαρμάνκιοϊ, Харманќој[3]) — предградие на западниот крај на пошироката област на Солун, Егејска Македонија и седиште на општината Корделио-Арманќој. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[4]

Remove ads
Географија
Населбата се наоѓа во североисточниот дел на Солун, на 35 км од градскиот центар.
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX и почетокот на XX век Арманќој било село, а потоа турски чифлик во Вардарската нахија на Солунската каза,[5] и се броело за едно од јагленарските села. Жителите на Арманќој се занимавале и со производство на житни култури. Во XIX век Арманќој била пријатна зелена населба со анови, дуќани и убави селски куќи.[5] Во 1817 г. е изградена црквата „Св. Атанасиј“, прогласена за споменик на културата во 1983 г. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Орманкіой како македонско село.[6][7] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Харманќој (Harmankeui) е село со 32 домаќинства сочинети од 142 жители Македонци.[8][9] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото броело 260 жители, сите Македонци християни.[8][10]
Целото село било под врховенството на Цариградската патријаршија и во него работела грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Харман-Ќој (Harman-Keuy) имало 336 жители Македонци под патријаршијата и 5 Грци, а во селото работело грчко училиште.[11]
Според извештај на Димитриос Сарос од 1906 г. Харманќој (Χαρμάνκιοϊ) е словенојазично село во Солунската митрополија со 217 жители кои наводно имале грчка национална свест (или, поверојатно, не можеле да ѝ се спротивстават на патријаршиската власт). Во селото работеле грчко основно училиште и детска градинка со 53 ученици (43 машки и 11 женски) со 2 учители.[12]
Од главната даночна книга од 1907 г. се гледа дека Арманќој вклучувал многу широка територија од Додулари, па до денешната улица „Лангада“ и од Даутбал до Солунската железничка станица. На територијата преовладувале житни масиви и неколку амбари и коњушарници, од кои поголемиот дел во сопственост на турски земјопоседници. Во 1905 г. тука рестрирани се 222 жители, тенденциозно наречени православни „Грци“.[5]
Според Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни Арманќој се состоел од 35 македонски куќи.[13]
Remove ads
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава согласно Букурешкиот договор. Таа година селото се води со 209 жители. Во текот на Првата светска војна тука се доведени грчки доселеници, така што во 1920 г. населението пораснало на дури 3.083 жители.[4]
Во 1924 г. јужно од селото се доселени грчки колонисти од Турција, кои го основале селото Ново или Долно Арманќој, па така Арманќој почнало да се нарекува Старо Арманќој.[14] Во 1927 г. е преименувано во Статмос (во прев. станица) заради Солунската воена железничка станица која се наоѓа во него. Подоцна името е сменето во Неос Куклудзас, а во 1955 г. името е повторно сменето, овојпат во Евосмос.
Во 1928 г. Арманќој имал 1.520 жители мешано население[4], од кои 975 биле грчки дојденци (258 семејства),[15] а останатите биле домородни Македонци.
На пописот од 1940 г. е забележан пад на 977 жители, а во 1951 г. накачување на 1.093 лица.[4] По Граѓанската војна Арманќој доживеал голем пораст поради напливот од семејства дојдени од попасивните села во Егејска Македонија. Со овој раст, при крајот на 1952 г. дошло до спојување со соедната новооснована населба Ново Корделио и населбата Арманќој продолжила да расте.[4] Најголем раст е забележан од 1990-тите и 2000-тите, кога населението неколкукратно се зголемило.
Стопанство
Населението се заниамва со градски занимања и малку со земјоделство.[4] Арманќој има професионален фудбалски клуб „Агротикос Астрејас“, созаден во 1932 г. од дојденци од Мала Азија.
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
- Црква „Св. Атанасиј“ од 1817 г., прогласена за споменик на културата
Личности
- Иван Трајков (1892 - ?) — борец во МОО
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads