Додулари
гратче во Солунско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Додулари или Додулар (со облиците Дудулари, Дудулар[2]; грчки: Διαβατά, Дијавата, до 1926 г. Δουδουλάρ, Дудулар[3]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[2]
Remove ads
Географија
Додулари е се наоѓа во Солунското Поле во областа Вардарија меѓу реките Галик и Вардар. Оддалечено е неколку километри северозападно од градот Солун.
Историја
Во Османлиското Царство
Црквата „Св. Димитриј“ е изградена во 1853 г.[4] Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) селото првично било метох, а потоа продадено како чифлик на две царски девојки.[5]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дондуларе (Dondoularé) е село со 30 домаќинства сочинети од 140 жители Македонци.[6][7] Во 1874 - 1875 г. во Додулари учителствувал Димитар Мавродиев.[8]
Во 1880 г. муктарот (кметот) на Додулари, Коста Манук, е испратен во затвор во Азија поради учество во потпишување на петиции до Румелиската комисија.[9] Меѓу 1896 и 1900 г. селото преминало под врховенството на Бугарската егзархија.[10]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Додулари имало 180 жители Македонци.[6][11] Според Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село (Дудуларе) прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[12] По податоци егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дудуларе (Doudoularé) имало 232 Македонци, сите под егзархијата. Во селото работело бугарско училиште.[13]
Според извештај на Димитриос Сарос од 1906 г. Дудулар (Δουδουλάρ) е словенојазочно село во Солунската митрополија со 130 жители со сопсвена национална свест. Во селото работело 1 бугарско училиште со 20 ученици и 1 учител.[14]
Во Грција

Во 1913 г. по Втората балканска војна Додулари е припоено кон Грција, кога населението броело 121 жител.[2] Во прегледот на населението направен во 1917 и 1918 г. Милоевиќ го завел Дудулар како село со 30 македонски куќи.[15]
Во 1926 г. селото е преиманувано во Дијавата. Согласно Лозанскиот договор во 1922 г. во селото са населени 87 семејства на туркојазични Грци од Мала Азија и 98 семејства на кавкаски Ерменци (исто така од Турција), вкупно 562 лица.[16] Во 1928 г. Додулари е заведено како староседелско-дојденско село со 170 доселенички семејства сочинети од 524 лица.[17] Некои од малобројните македонски мештани (официјално 54 лица) се преселиле во Бугарија заради притисоците.[2] Следствено на тоа, Македонците останале мошне мало малцинство во селото.
Remove ads
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
- Цркви
- „Св. Димитриј“ од 1853 г., прогласена за споменик на културата
- „Св. Димитриј и Св. Бессребреници“ од 1981 г.
Личности
- Родени во Додулари
- Варнава Тирис (р. 1958) — од доселеничко семејство, митрополит на Неаполско-ставруполската епархија
- Иван Ангелов (1831 – ?) — свештеник во Кониково од 1871 до 1910 г.[18]
- Иван Манук — борец во Македонско-одринските чети[19]
- Коста Манук — учесник во Македонското востание, затворен во Азија
- Митре Дудуларски — револуционер, терорист на Централниот комитет на МРО, заедно со Иван Карасулијата го убил србоманскиот учител Илија Пејчиновски во Солун на 6 септември 1897 г.[20]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads