Арморика
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Арморика или Ареморика (латински: Armorica, Aremorica) — историска област на северозападот од денешна Франција. Често ова име се користи и како синоним за Бретања. Арморика постоела во античко време и се сметала за дел од Галија, сместена на нејзиниот атлантски брег, помеѓу реките Сена и Лоара, а понекогаш и сѐ до Гарона.

Топонимот „Арморика“ потекнува од галскиот израз are mori („крај море“) и наставката -ika, која се користела за географски називи. Спореди: бретонски Armor — „крајбрежни територии на Бретања“, ar mor — „море“; велшки ar y môr — „крај морето“; латински ōra maritima — „морски брег“.
Првично, поимот имал многу пошироко значење отколку денес: ги опфаќал денешна Нормандија, па дури и целото атлантско крајбрежје на современа Франција.
Плиниј Постариот тврдел дека Арморика е старото име на Аквитанија, со што нејзината јужна граница стигнува до Пиринеите. Тој исто така ги наведува келтските племиња што живееле во Арморика. Две од нив — Едуите и Карнутените — до времето на создавањето на неговото дело Природна историја веќе имале склучено сојуз со Рим, а другите останале релативно независни.[1] „Заедниците што живеат крај Океанот, под заедничкото име аремориски“, ги спомнува и Јулиј Цезар.[2]
Диодор Сицилиски запишал дека Арморика одржувала тесни трговски врски со Британија. Според Страбон, четири биле точките на „превоз преку кои обично се патува од копното кон островот“ Велика Британија: устијата на Рајна (и Доверскиот Проток), Сена, Лоара и Гарона.[3]
Во чест на Арморика е именуван астероидот 774 Армор, откриен во 1913 г. од францускиот астроном Шарл ле Морван, родум од овој крај.[4]
Во измисленото галско село, каде што се одвиваат настаните од стриповите, цртаните филмови и филмовите за Астерикс, дејството е сместено токму во Арморика; за „откривање на нејзините урнатини од страна на археолози“ шеговито известувал британскиот весник The Independent во својата статија од 1 април 1993 г.[5]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads