Гарона

река во југозападна Франција и северна Шпанија From Wikipedia, the free encyclopedia

Гарона
Remove ads

Гарона (француски: Garonne; окситански, каталонски и шпански: Garona; латински: Garumna[1] или Garunna) — река во југозападна Франција и северна Каталонија, (Шпанија) со должина од 602 км.

Кратки факти Гарона, Местоположба ...
Remove ads

Географија

Извор

Thumb
Водотекот од клисурите Баранкс и Ескалета

Реката извира во Аранската Долина на Пиринеите, иако точното место е спорно. Предложени се три можности: „Гаронско Око“ (окситански: Uelh deth Garona) (42°42′34″N 0°56′43″E), во Тарера-Саборедо 42°36′26″N 0°57′56″E) или на падините на Ането (клисурата Салтерилјо-Баранкс 42°38′59″N 0°40′06″E согласно годишното време).

Течение

Гарона тече низ Аранската Долина во северен правец и влегува во Франција, минувајќи низ Тулуза и Ажен кон Бордо, па доаѓа до естуарот Жиронда и истекува во Бискајскиот Залив (Атлантски Океан). По течението има три поважни притоки: Арјеж, Тарн и Лот. Веднаш по бордо, реката се спојува со Дордоња, образувајќи го естуарот Жиронда, кој а завршува во Атлантскиот Океан по 100 км. Други притоки се Сав и Жер.

Ова е една од неколкуте реки во светот што добива приливен бран.[2][3][4] По бранот може да се едри на даска и со скутер барем до селото Камб, оддалечено 120 км од океанот

Remove ads

Пловност

Гарона игра важна улога во превозот на стоки. Океанските бродови влегуваат по реката и доаѓаат до Бордо, и се потпомогнати од т.н. „Канал на двете мориња“ (Canal des Deux Mers), што го поврзува Средоземното Море со Атлантскиот Океан, овозможувајќи пократок и побезбеден превоз на стоки од земјоделските подрачја во јужна Франција до Атлантскиот Океан.

Населени места по течението

Thumb
Гарона во Тулуза
Remove ads

Поважни притоки

Поважни притоки на Гарона (низводно) се следниве:

  • Пик
  • Урз
  • Нест
  • Сала
  • Волп
  • Ариза
  • Луж
  • Жер
  • Бајз
  • Лот
  • Дропт
  • Сирон
  • Гат Морт
  • Девез
  • Жал де Бланкфор

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads