Арсениј Јовков

From Wikipedia, the free encyclopedia

Арсениј Јовков
Remove ads

Арсениј Јовков (25 март 188414 септември 1924) — македонски револуционер, киносценарист и публицист.

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Роден е во селото Селци, Струшко, на 25 март 1884 година. Тој е син на Атанас (Танасков) Јовков кој долги години се борел против месните бегови, а негов вујко бил писателот Војдан Чернодрински. Се образувал и завршил гимназија во Битола. Уште како ученик во Битолската гимназија, некаде околу 1900 година, почнал да пишува поезија, речиси истовремено со својот соселанец, Војдан Чернодрински.

Филмот „Македонија во слики“.

Во пресрет на Илинденското востание, во престрелка со Турците, загинал таткото на Арсениј. Сè уште средношколец, Арсениј се враќа во Дебарско и влегува во Македонската револуционерна организација. Во 1903 година учествува во Илинденското востание како секретар на војводата Тасе Христов. Се бори во Дебарца и Кара Осман, а по загинувањето на неговиот брат Нико Јовков, Арсениј станува војвода на неговата чета. По востанието емигрирал во Бугарија.

Јовков е првиот македонски филмски сценарист, според чие сценарио е снимен документарниот филм „Македонија во слики“ во 1923 година[1]. Автор е и на сценариото за играниот филм „Илинден“.[2][3]

Убиен е во познатите септемвриски Горноџумајски атентати.

Remove ads

Надворешни врски

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads