Селци

село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia

Селциmap
Remove ads

Селци — село во областа Малесија, во Општина Струга, сместено високо на падините на планината Стогово.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Поглед кон селото

Селото се наоѓа во областа Малесија, во северниот дел на територијата на Општина Струга, на јужните падини на планината Стогово.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.000 до 1.150 метри.[2]

Историја

Во XIX век, Селци било село во рамките на Дебарската Каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 27,9 км2 (заедно со селото Буринец). На него преовладуваат шумите на површина од 1.895 хектари, на пасиштата отпаѓаат 844 хектари, а на обработливото земјиште 30 хектари.[2]

Селото има сточарско-шумарска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Селци имало 1.050 жители.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Селци имало 1.144 жители.[4]

Според весникот „Дебарски глас“ од 1911 година, Селци-Буринец имало 150 жители Македонци христијани.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[6]

Во 1961 година, селото броело 38 жители, а во 1994 година бројот се намалил на четири жители, македонско население, а селото е во фаза на целосно раселување.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Селци немало жители.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, од кои 5 Македонци и 1 лице без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Селци било чисто македонско село, кое денес е целосно раселено. Во минатото селото Буринец било сметано како маало на селото Селци. Родовите во селото се староседелци од околината на Селци и доселеници. Доселениците може да се поделат, на родови што си го знаат потеклото и родови со непознато потекло.

Стари доселенички родови со непознато потекло се: Передевци (1 к.), Јовковци (2 к.), од овој род потекнува Арсениј Јовков, Цуцуловци (1 к.), Чапчиовци (3 к.), Славковци (14 к.) и Јанковци (3 к.); родовите Чапчиовци, Славковци и Јанковци потекнуваат од ист предок.

Доселени родови со познато потекло се: Поповци (5 к.) и Протуѓеровци (3 к.) се еден род, чии предци „кој знае кога“ дошле од околината на Вучитрн; Бачовци (1 к.) биле сточари, доселени се од некое место на планина во атарот на село Врбјани, Дебрца; Србиновци (2 к.), доселени се од Вучитрн или од околината на Вучитрн; Василовци (1 к.) за нив се мисли дека се доселени од некое село во Кумановско; Шкутовци (1 к.) доселени се од раселеното село Славила кое постоело во атарот на Селци; Лошановци (1 к.) и тие се доселени од раселеното село Славила, а подалечно потекло имаат од селото Волино; Јовчевци (7 к.) исто така доселени се од раселеното Славила, доселени се во Селци во исто време кога и Лошановци; Баручиовци (7 к.) доселени се од мијачкото село Лазарополе; Аврамовци (2 к.) доселени се од дебарското село Долгаш и Гроздановци (1 к.) доселени се од селото Долно Елевци.[13]

Remove ads

Општествени установи

  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Луково.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Луково.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Манастирец, во која покрај селото Селци, се наоѓале и селата Буринец, Дренок, Модрич, Отишане и Џепиште. Во периодот 1950-1952 година, селото Селци било дел од некогашната општина Локов, во која влегувале селата Буринец, Локов, ’Ржаново и Селци.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1892 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Присовјани, а во кое влегуваат населените места Буринец, Локов, Присовјани, ’Ржаново, Селци и Збажди.[14]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 22 гласачи.[15] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 19 гласачи.[16]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Селската црква „Св. Никола“ и споменикот посветен на соселаните Војдан Чернодрински и Арсениј Јовков и паднатите борци во Илинденското востание и во НОБ
Цркви[17]
Споменици
Remove ads

Личности

Родени во Селци
Remove ads

Иселеништво

Од Селци со текот на времето многу родови се иселиле или изумреле.

Иселеништво продолжило и по 1950 година, така што денес селото е целосно раселено.[13]

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads