Арс Ламина - публикации
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Арс Ламина - публикации - македонска издавачка куќа, со седиште во Скопје.
Организација и менаџмент
Издавачката куќа Арс Ламина - публикации е дел од друштвото со ограничена одговорност Арс Ламина, со седиште во Скопје, на бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 50, VI кат. Во рамките на издавачката куќа работи редакцијата „Либи“.[1]
Компанијата „Арс Ламина“ е основана во 2005 година како репро-студио, а од 2009 година со издавањето на првата книга, приказната ја продолжиле и како издавачка куќа, со мисија да ги подигне стандардите во издаваштвото на повисоко ниво.
Денес, „Арс Ламина“ е најголемиот и најважниот издавач на образовна литература: учебници, збирки и други дидактички и едукативни изданија за основните и средните училишта, како и на стручна и академска литература.
Лидери во објавувањето на современа белетристика, светски и домашни класици од најзначајните писатели и литературата за деца и млади, со најбараните сликовници и книги од најпознатите и најнаградувани светски автори. Бележиме континуиран подем и развој, со објавени повеќе од 200 книги годишно од сите области.
Семејството на „Арс Ламина – публикации“ се состои од неколку импринти (издавачки оддели): „Арс Ламина“ (образовни и стручни изданија), „Арс Либрис“ (белетристика), „Либи“ (детска книжевност), „Попули“ (популарна литература) и „Скрипти“ (дизајнирани нотеси и гифт-програма).[2]
Главни уредници во Арс Ламина биле:
- Бранка Бугариска[3]
Како уредници во Арс ламина - публикации работеле:
Remove ads
Издавачка дејност
- Каролина Каприја, Четири пријатели онлајн! (2015)[7]
- А. Гати - Д. Моросиното, Мачки детективи: Кој го грабна кралот на шпоретите? (2015)[1]
- А. Гати - Д. Моросиното, Мачки детективи: Крадец... отмен мачор (2015)
- А. Гати - Д. Моросиното, Мачки детективи: Чудниот случај на исчезнатите колбаси (2015)
- А. Гати - Д. Моросиното, Мачки детективи: Кој го наместо Жан Мусташ? (2015)
- А. Гати - Д. Моросиното, Мачки детективи: Кој го украде златниот мачор? (2015)
- А. Гати - Д. Моросиното, Мачки детективи: Голем напад на париската банка (2015)
- Кочо Рацин, Бели мугри (2018)[8]
- Велко Неделковски, Збунети години (2019)[9]
Remove ads
Надворешни врски
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads