Арџеш (округ)
округ во Романија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Арџеш (романски: Judeţul Argeş) — округ во Романија, сместен во средишниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Питешт, а значајни градови се и Курта де Арџеш и К’мпулунг.
Remove ads
Географија
Местоположба

Округот Арџеш е копнен округ во Романија. Окружен е:
- на север со: Брашов;
- на исток со: Д’мбовица;
- на југ со: Телеорман;
- на југозапад со: Олт;
- на запад со: Валча;
- на северозапад со: Сибињ.
Релјеф
Округот се наоѓа во Влашка, поточно во нејзината јужна покраина Мунтенија. Низ округот тече реката Арџеш, по која округот го добил и името. Северниот дел на Арџеш има планински карактер, каде се простираат Карпатите, во средишниот дел се простираат шуми, кои ко јужниот дел постепено преминуваат во Влашката Низина.
Remove ads
Демографија
Арџеш спаѓа во групата окрузи во Романија, во кои претежно живее романско население. Според пописот во Романија во 2002 година, етничкиот состав во округот го сочинуваат:
Бројот на населението во округот по временски периоди е претставен во следната табела:
Remove ads
Стопанство
Округот Арџеш е едн од најразвиените индустриски региони во Романија. Во него има рафинерија за нафта, а во Миовени, односно К’мпулунг се наоѓаат седиштата на автомибилските производители „Дачија“, односно АРО.
Од индустриските гранки, најразвиени се:
- автомобилската индустрија;
- хемиската индустрија;
- производството на електрична опрема и апарати за домаќинството
- прехранбената индустрија;
- текстилната индустрија; и
- производството на градежни материјали.
Нафтата се исцрпува во средишниот и во јужниот дел на округот. Во округот има и рудници на јаглен, а во близина на Миовени се наоѓа центар за јадрено истражување и производство на јадрено гориво за потребите на атомската централа во близина на Чернавода. По течението на реката Арџеш распоредени голем број на хидроцентрали, од кои најзначајна е хидроцентрљлата Видрару, со соодветната брана.
Ридестите предели во округот се погодни за одгледување на овошје, а во овие предели се произведува и вино, а јужниот дел е погоден за одгледување на жито.
Туризам
Глаавни туристички одредишта во округот се:
Административна поделба
Округот е поделен на 3 општини, 4 градови и 95 општини.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads