Аспарух Каневче
политичар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Аспарух Каневче (Охрид, 1916 - ?) — македонски политичар. Во својот работен век извршувал бројни функции: градоначалник на Скопје, министер за електростопанство, министер за земјојделство и шумарство, член на Извршен комитет.
Remove ads
Животопис
Каневче е роден во 1916 година во Охрид, тогаш окупиран од бугарските трупи за време на Првата светска војна. Учел во вечерното резбарско училиште во родниот град.[1] Од 1949 до 1950 година бил претседател на градскиот народен комитет (градоначалник) на Скопјe. На 1 март 1950 година ја презел функцијата министер за електростопанство во третата влада на Народна Република Македонија. Во четвртата влада од 7 јануари 1951 година ја извршувал функцијата министер за земјоделство и шумарство. Бил и член на Шестата влада (Извршен комитет) од 19 декември 1953 година до 25 април 1958 година.[2]
Remove ads
Поврзано
- Јанка Каневчева
- Глигор Каневче
- Љубица Каневче
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads