Резбарско училиште (Охрид)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Резбарско училиште или Уметничко дрводелско училиштезанаетчиско резбарско училиште во Охрид кое работело од 1 јануари 1928 до 1948 година. Од 1925 до 1927 година училиштето работело во Дебар. Во Охрид, првично училиштето било сместено во трпезаријата (салата) кај црквата „Свети Климент“, денешна фискултурна сала на „Св. Климент Охридски“.[1]

Кратки факти Резбарско училиште, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Основање на Дебарското училиште

Резбарството при крајот на XIX век, а посебно во првите две десетлетија на XX век почнало да изумира. По Првата светска војна, резбарството повторно заживеало. Со цел старата традиција да продолжи или да се обнови, бидејќи cè уште не било доцна биле основани курсеви или училишта во Дебарско. Така, со решение на одделението за занаетчиство при Министерството за трговија и индустрија на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците на 9 април 1925 година во Дебар отпочнало со работа резбарското училиште. За прв управител и стручен учител по дрворез бил поставен вајарот Бранислав Јованчевиќ. “

Условите за работа на училиштето во Дебар биле мошне тешки: немало простории за изведување на наставата, немало заинтересирани за изучување на занаетот, а дебарската власт имала индиферентен однос спрема ова училиште. Во Дебар училиштето работело до крајот на 1927 година.[1]

Префрлување на училиштето во Охрид

Имало опасност Дебарското училиште да се затвори засекогаш. Упорниот управител Бранислав Јованчевиќ за тоа писмено ги запознал надлежните чинители, не само во Дебар, туку и големиот жупан во Битола, епископот Николај Велимировиќ, како и министерот за трговија и индустрија. Била запознаена и управата на дворската канцеларија. Сите чинители и личности од наведените установи во целост се сложувале ова училиште да продолжи со работа и да се најде поголемо и погодно место каде што ќе се обезбедат и добри услови за работа. Имало предлог училиштето да се префрли во Скопје, но за него бил заинтересиран и Охрид. Претседателот на судот на општината Охрид уште во 1926 година доставил барање до министерот за трговија и индустрија, давајќи обврска дека училиштето „редовно ќе функционира и дека ќе ги даде оние благотворни резултати што се очекуваат од него.

Министерот за трговија и индустрија во 1927 година донесол решение стручното занаетчиско училиште за дрворез од Дебар да се пресели во Охрид. Со решението било предвидено на учениците од Дебар, кои биле заинтересирани за натамошно учење, да им се обезбеди интернат, како и средства, но за жал од нив никој не дошол. Целосно преселување на училиштето во Охрид било извршено на 1 јануари 1928 година.[1]

Обид за префрлање на училиштето во Скопје

И во Охрид училиштето имало некои потешкотии, а посебно за кадрови и интернатско сместување на учениците од други места. Во 1931 година паднал предлог училиштето да се пресели во Скопје и да се приклучи кон државното занаетчиско училиште. За тоа било донесено и решение. Kaj охридските власти, меѓу граѓаните, а посебно меѓу занаетчиите и сиромасите имало револт. Реагирањето било големо зашто во 1929 година во Охрид била укината вишата гимназија и децата, не само од селата, туку и од градот, не биле во состојба да го продолжат образованието, а во овој случај да го научат занаетот. Се разбира, најмногу реагирале учениците што завршиле два или три класа зашто го прекратиле своето школување. Поради тоа 27 ученици со молбено барање се обратиле до епископот охридски д-р Николај Велимировиќ.

По многуте интервенции, училиштето, останало во Охрид. Cè до ослободуваььето на нашата земја, прашањето на неговото опстанување поиатаму воопшто не било поставено. Се презеле мерки за изградба на нова зграда, отворање на одделенија за изучување на нови занаети, обезбедување на работилници за работа и друго. Станало едно од ретките и многу интересни училишта во целата земја.[1]

Резбарското училиште за време на окупацијата

Во Охрид, покрај гимназијата, за време на бугарската окупација во Втората светска војна, работело и резбарското занаетчиско училиште како „Државно промишлено училиште“. Бугарите, во ова училиште, покрај изучувањето на резбарскиот занает и иконописот, вовеле и изучување на ѕидаро-фасадерскиот занает. Во ова раздобје, резбарското училиште го завршиле само 11 ученици.[1]

Затворање на Резбарското училиште

По ослободувањето, Резбарското училиште во Охрид веднаш почнало да работи, но без Одделението за иконопис. Во првата година за општообразовните предмети како предавачи биле хонорарно ангажирани наставници од охридската гимназија. Училиштето било наменето за младите од цела HP Македонија кои биле заинтересирани да го изучуваат резбарскиот занает.

Со решение училиштето било затворено во 1948 година.[1]

Remove ads

Местоположба

Училиштето било сместено во трпезаријата (салата) кај црквата „Св. Климент“, денешна фискултурна сала на „Св. Климент Охридски“.

Во 1933 година општината му доделила земјиште за изградба на простории, одредени установи обезбедиле средства, и училиштето за три години било изградено. Свечено во употреба било дадено во март 1936 година. Во новата зграда, по толку години на преселување, биле обезбедени одлични услови за теоретска и практична работа. Имало место да бидат сместени сите алати и машини за работа.[1]

Remove ads

Наставен кадар

Прашањето за наставен кадар не било решено. Како главна причина за тоа биле недоволните финансиски средства. До учебната 1931/32 година како стручен учител и управител бил Бранислав Јованчевиќ, кој предавал во сите класови слободно и перспективно цртање, техничко моделирање, формирање и умножување — репродукција на модели во разни пластични материјали. По столарија за стручен учител уште од првата година бил Ставре Копро. Практично во работилницата со учениците работел и Готфрид Гампер — длаборезец и иконописец од Тирол кого го донесол епископот Николај. Toj работел од 1931 година сè до неговата смрт во 1935 година.

Општообразовни предмети вооште не се предавале, што било голема штета за воспитување на младото поколение. Поради тоа се барало да се обезбедат наставници и средства и за овие предмети.

Во 1932 година нов управител на училиштето станал Среќко Сабљак кој родум бил од Трстеник. Должности ja вршел до 1934 година, кога за управник дошол Михајло Лалиќ. Таа година како стручен учител по иконопис бил примен Мирослав Блажичевиќ — апсолвент при уметничката академија во Фиренца. Во второго полугодие од учебната 1936/37 година за вршител на должноста управител на училиштето, бил поставен Милорад Трудиќ од Лесковац.

Во учебната 1938/39 година за стручни наставници дошле: Бранко Шотра, Јован Весели и Михајло Темелковски. Секако, за охридските ученици и за Охрид, како стручен учител, а посебно како напреден и револуционерен работник, најдлабоки траги, иако за кратко време, оставил Шотра.[1]

Ученици

Првата година, на објавениот оглас за запишување на учениците се пријавиле 48 кандидата, со желба да го изучуваат, пред cè, столарскиот и качарскиот занает, не претчувствувајќи дека во иднина ќе станат виртуози на еден многу важен и ценет уметнички занает. Првата година успешно ja завршиле 15 ученици. Учениците почнале да изработуваат предмети не само за потребите на училиштето, туку и по порачки, за украсување на приватни куќи, а подоцна и за црквите.

Во раздобјето од 1927 до 1941 година, ова училиште успешно го продолжило делото на дебарските резбари. Успеало да создаде и свој резбарски, охридски стил, за работа и да оспособи нови резбарски кадри. Во ова раздобје успешно завршиле 26 резбари и 6 иконописци.

Во раздобјето под бугарска окупација од 1941 до 1944 година, резбарското училиште го завршиле само 11 ученици.

Во 1945 година биле запишани 16 ученици, од кои 10 за градежна насока и 6 за длаборез. Од нив положиле за градежни техничари 7 и 4 за резбари. Така, во учебната 1945/46 година бројот се намалил и биле запишани само 11 ученици. Mery тоа, во учебната 1946/47 година бројот на учениците се зголемил и изнесува 52, од кои 23 во таканаречениот подгогвителен општ клас, 22 во резбарскиот и 7 во фасадерскиот клас. На крајот на годината завршиле 21 од општиот клас, I клас 9, II клас 5 и III клас 3 резбари, а од фасадерите завршиле I клас 7 ученици. [1]

Remove ads

Познати личности кои учеле во училиштето

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads