Атласка мечка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Атласката мечка (Ursus arctos crowtheri) позната и под името Берберска мечка е подвид на кафеавата мечка, но сепак понегогаш се смета како различен вид. Оваа е едниствената мечка која живеела во Африка. Мечката можела да се сретна на планината Атлас и во околните региони, од Мароко до Либија. Денес се смета дека оваа мечка е изумрен вид. Илјадници мечки од овој подвид биле ловени поради спорт, но и употребувани за казнување криминалци за време на ширењето на римската империја во Северна Африка.
Некои научници сметаат дека животното сѐ уште е присутно во источна Африка и дека е изворот на криптидот познат како „нанди мечка“. Сепак овие тврдења се исклучени од биогеографијата.
Според описи од 18ти и 19 век, овие мечки биле помали од обичните кафеави мечки, но со посплескана муцка и крзно кое било со скоро црна боја.
Кралот на Мароко поседувал вакви мечки, и подарил една во 1830 на зоолошката градина во Марсеј. Оваа мечка е последната мечка која била проучувана од научниците. Последната единка се смета дека била убиена од ловци во 1870-тите на планината Тетуан во северно Мароко.
Remove ads
Наводи
- Hamdinea, Watik; Thévenotb, Michel; Michaux, Jacques (1998). „Histoire récente de l'ours brun au Maghreb“. Comptes Rendus de l'Académie des Sciences (француски). 321 (7): 565–570. doi:10.1016/S0764-4469(98)80458-7.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads