Ауе-Шварценберг

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ауе-Шварценбергmap
Remove ads

Ауе-Шварценберг (германски: Aue-Schwarzenberg) — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од југ надесно) Чешка и окрузите Фогтланд, Цвикау, Штолберг и Анаберг.

Кратки факти Ауе-ШварценбергLandkreis Aue-Schwarzenberg, Земја ...
Remove ads

Историја

Рудните Планини (германски: Erzgebirge) биле скоро ненаселени во раниот Среден век. Имало изолиран манастир во XII век. Повеќето од градовите во планините биле основани во XVI век, по откривањето на рудите сребро и калај.

Окрузите Ауе и Шварценберг биле основани во 1873 година. Во 1994 година, двата окрузи биле споени во еден заеднички округ, кој бил наречен Вестерцгебиргскрајс и една година подоцна бил преименуван во неговото постојно име (Ауе-Шварценберг). На 1 август 2008 година, бил припоен кон новиот округ Рудни Планини.

Remove ads

Географија

Округот се наоѓал во западниот дел на Рудните Планини. Сртот на овој планински масив ја формира јужната граница на округот, која исто така е и германско-чешка граница. Највисокиот врв во округот е Ауерсберг (1019 м), вториот највисок врв во Саксонија, по Фихтелберг.

Изворот на Цвикауер Мулде се наоѓа во округот. Оттука тече кон север до Цвикау.

Thumb
Панорамски поглед од Ауерсберг

Грб

Thumb Грбот прикажува:
  • Свештенички свијок, кој го симболизира манастирот во Гринхајн, кој бил најстарата населба овој дел на Рудните Планини;
  • Заби на волк, кои биле дел од грбот на грофовијата Шварценберг;
  • Црн андреин крст на жолта основа, кој бил користен од грофовијата Хартенштајн, кој се наоѓал во северниот дел од округот.

Градови и општини

Поврзано

  • Слободна Република Шварценберг

Надворешни врски

50°35′24″N 12°42′00″E

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads