Ахмед Изет-паша

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ахмед Изет-паша
Remove ads


Ахмед Изет-паша (1864 – 31 март 1937), познат како Ахмед Изет Фургач по Законот за турско презиме од 1934 година — отомански генерал за време на Првата светска војна. Тој исто така бил еден од последните големи везири на Отоманското Царство (14 октомври 1918 - 8 ноември 1918 година) и нејзин последен министер за надворешни работи.

Кратки факти Ахмед Изетاحمد عزت پاشا паша, Голем везир на Османлиското Царство ...
Remove ads

Животопис

Thumb
Ахмед Изет-паша пристигнува во Ерусалим, 1917 година

Роден е во Наслич, Битолски Вилает, во албанско семејство. [2] [3] Неговиот татко бил истакнат државен службеник во областа. Од 1887 до 1890 година се образувал за стратегија и воена географија на Отоманскиот воен колеџ, додека подоцна до 1894 година студирал во Германија кај Колмар Фрајхер фон дер Голц.[3] Како резултат на неговото учество во Грчко-турската војна бил унапреден во чин миралај (полковник). Во 1908 година по Младотурската револуција станал началник на османлискиот генералштаб. Во тој период (за време на Младотурската влада) тој се спротивставува на воените дејствија на османлиската војска под водство на Махмуд Шевкет-паша против албанските националисти за време на албанските бунтови од 1910 година. Неговото силно противење на политиката на Махмуд-паша довело до негово разрешување и повторно именување во Јемен во февруари 1911 година.[3]

Во 1916 година, бил назначен за командант на Втората армија која се борела на Кавказ заедно со Третата армија.[2] Во 1917 година, бил назначен да командува со анадолската група армии, која ја сочинувале Втората и Третата армија. [4] Највисокиот чин што го имал бил маршал.

По војната, и со поддршка од Мустафа Кемал-паша,[5] бил повикан да ја предводи владата која го потпишала Примирјето од Мудрос во име на Отоманското Царство,[2] со што ставил крај на Првата светска војна за Османлиите. Тој истовремено ја извршувал функцијата министер за надворешни работи за време на неговата премиерска функција. Бил разрешен на 8 ноември 1918 година. Потоа, бил критикуван дека им дозволил на сите тројца од Тројцата паши да избегаат во странство ноќта меѓу 2 и 3 ноември, пред да им се суди пред Турските воени судови од 1919-20 година за злосторства, вклучително и злосторства врз Ерменците од Царството. Ахмед Изет-паша поминал голем дел од своите 25 дена на премиерската функција прикован за креветот откако го фатил шпанскиот грип во 1918 година .

По распаѓањето на Отоманското Царство и последователното губење на титулата паша по формирањето на Република Турција, Ахмед Изет го усвоил презимето Фургач во 1934 година. Починал на 31 март 1937 година во Истанбул.

Одлуките на Ахмед Изет Паша за време на Кавкаската кампања исто така биле критикувани и се сметаат за еден од факторите за нејзиниот неуспех, додека неговата последователна висока репутација во Турција се припишува на неговата успешна активност за време на Турската војна за независност.[6]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads