Ахмед Нијази-бег
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ахмед Нијази-бег Реснели (турски: Resneli Ahmet Niyazi Bey, албански: Ahmet Njazi Bej Resnja, 1873 — 17 април 1913) — отомански војник, политичар, учесник во Младотурската револуција кој воедно е и еден од почетниците на истата во 1908 година. По народност, тој бил Албанец.
Remove ads
Животопис



Нијази-бег е роден во Македонија, во градот Ресен според кој го добива и прекарот Ресенли или во превод ресенчанец. Во армијата го добива чинот потполковник. Бил член на битолскиот комитет „Единство и прогрес“ и бил видно лице меѓу младотурците во Македонија. Со неговото одметнување во планина на 3 јули 1908 година започнала Младотурската револуција. На 5 јули упатил прокламација до христијанското население во Дебар, Преспа, Струга, Ресен и Охрид во кое го повикува на заедничка борба против султановиот апсолутизам.[1]
Во април 1909 година зема учество во задушувањето на контраударот против младотурците во Истанбул.
Во 1911 година учествувал во војната против Италија за Триполитанија.
Нијази-бег бил убиен во Валона, Албанија на 17 април 1913 година, од луѓе на султанот, на пат за Истанбул. Според друга верзија тој е убиен во Драч, качувајќи се на брод.[2] Според Петар Чаулев, Нијази-бег не бил убиен по нечие решение, туку поради лична омраза и одмазда.[3]
Сарајот на Нијази-бег во Ресен од 1978 година е Дом на културата.[4]
Remove ads
Галерија
- Изглед на домот на Нијази бег, во Ресен, 1909
- Нијази бег, водач на Младотурската револуција. Фотографирано од браќата Манаки (пресликана)
- Нијази бег во првиот ред, и Черчиз бег (на кој му е подигнат споменик во Гирокастра), на чело на своите единици. Снимени се на платото пред зградата на друштвото „Партизан“. Фотографирано од браќата Манаки (Битола, 1908) (скршена плоча)
- Портрет на Нијази бег. Фотографирано од браќата Манаки (Скршена плоча, Битола, 1907)
Remove ads
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads