Ашанти (пејачка)

американска пејачка и глумица From Wikipedia, the free encyclopedia

Ашанти (пејачка)
Remove ads

Ашанти Шекуоја Даглас-Хејнс (англ. Ashanti Shequoiya Douglas-Haynes; родена на 13 октомври 1980) ― американска пејачка, текстописец и глумица. Стекнала популарност на почетокот од 2000-тите, посебно благодарение на успехот на нејзиниот прв албум под наслов Ashanti од 2002 година, кој освоил Греми-награда за најдобар современ ритам и блуз албум и бил сертифициран за тројно платинест во САД. Нејзини најуспешни синглови се: „Foolish“, „Always on Time“ и „What's Luv?“.

Кратки факти Ашанти, Животописни податоци ...
Remove ads

Живот и кариера

Ашанти Шекуоја Даглас[4] била родена на 13 октомври 1980 година,[5] во Глен Коув, Њујорк.[6] Името го добила по царството Ашанти во Гана.[7] Нејзиниот дедо, Џејмс, бил активист за граѓански права во САД и бил поврзан со Мартин Лутер Кинг во 1960-тите.[8]

Ашанти почнала да пишува песни додека била во средно училиште.[9] Како тинејџерка настапувала во месно шоу за таленти и на неколку мали фестивали.[10] Првата филмска улога ја имала во филмот „Малколм Икс“ од Спајк Ли (1992), а исто така неколкупати глумела во музички спотови.[11]

2001–2003: Почетоци на музичката кариера и први албуми

Ашанти го привлекла вниманието на Ирв Готи поради нејзините гласовни способности.[12] Тој ја замолил да настапува со рап-изведувачи и да снима дуети со нив. Ашанти пеела како пратечки вокал во песната „How We Roll“ од раперот Биг Пун. Следувало учеството во саундтракот за „Брзи и бесни“ во 2001 година на хип хоп преработката на песната од Мадона „Justify My Love“ во соработка со пејачката Вита и со соло-песната „When a Man Does Wrong“. Таа потоа соработувала со Фет Џо на неговата песна „What's Luv?“ и со Џа Рул на песната „Always on Time“.Двете песни биле издадени истовремено и станале најголеми хит-песни во 2002 година. Ашанти станала прва пејачка која истовремено ги зазела првите две позиции на американската Билборд Хот 100 топ-листа откако „Always on Time“ и „What's Luv?“ се нашле на прво и второ место, соодветно.

По успехот на нејзините соработки со Џа Рул и Фет Џо, Ашанти го издала нејзиниот прв сингл, „Foоlish“. Синглот поминал десет недели на врвот на Billboard Hot 100. Таа станала втор изведувач (по Битлси) чии песни ги окупиларе првите три позиции на Хот-100 истовремено. Истоимениот прв албум од Ашанти, Ashanti, бил издаден во април 2002 година. Дебитирал на прво место на американската табела за албуми Билборд 200. Албумот бил сертифициран за тројно платинест во САД и бил продаден во шест милиони примероци во светски рамки.[13] Албумот ѝ донел многу награди, вклучувајќи осум Билбордови награди, две Американски музички награди и Греми награда во 2003 година за најдобар современ R&B албум. Ашанти била прв музичар кој ја освоил наградата за „Најдобар современ R&B албум“.[14] Таа била номинирана за најдобар нов изведувач, а „Foolish“ била номинирана во категоријата за најдобра R&B вокална изведба од пејачка. Истата година Ашанти, исто така, ја добила наградата „Комета“ и две музички награди „Soul Train“.

Непосредно пред објавувањето на нејзиниот втор албум, Ашанти настапила на концертот „Дуети на дивите од VH1“ заедно со Витни Хјустон, Чака Кан, Бијонсе и Лиза Мари Присли. За време на концертот, таа извела дуети со The Isley Brothers и со Стиви Вондер и учествувала во финалната изведба на Вондер „Hier Ground“.[15]

Во јули 2003 година, Ашанти го издала нејзиниот втор албум „Chapter II“, кој дебитирал на прво место на Билборд 200.[16] Музичкото видео за првиот сингл од Chapter II, „Rock wit U (Awww Baby)“, било номинирано за две видеомузички награди од MTV во 2003 година. Истата година, Ашанти започнала романтична врска со раперот Нели.[17] Во ноември 2003 година, Ашанти издала божиќен албум под наслов Ashanti's Christmas.

2004–2007: Следни албуми и почетоци со глума

Thumb
Ашанти во 2005 година

Во декември 2004 година, Ашанти го издала нејзиниот трет студиски албум, Concrete Rose. Албумот дебитирал на седмо место во САД.

Во 2005 година, Ашанти повеќе се насочила на нејзината глумечка кариера. Како професионална глумица дебитирала во играниот филм „Тренерот Картер“ во кој глумела покрај Семјуел Л. Џексон. Ја глумела и Дороти Гејл во телевизискиот филм „Мапетовиот волшебник од Оз“. За филмот, Ашанти ја испеала песната „When I'm with You“ која била номинирана за Еми награда за серија во ударен термин во категоријата „Извонредна музика и текст“. Во „Тренерот Картер“, глумела бремена тинејџерка по име Кира која требало да одлучи дали да го абортира нејзиното неродено дете. Кон крајот на 2005 година, Ашанти била поканета на „Балот на легендите“ од Опра Винфри, кој им оддал почит на неколку највлијателни и легендарни Афроамериканки од дваесеттиот век во областа на уметноста, забавата и граѓанските права. Во декември 2005 година, Ашанти го издала ремикс-албумот од Concrete Rose под наслов Collectables by Ashanti.

Во 2006 година, глумела во тинејџерската комедија Џон Такер мора да умре, а во 2007 година имала споредна улога во акциониот филм Resident Evil: Extinction (2007).[18]

2008–2014: Заминување од The Inc., пауза и шести студиски албум

Thumb
Ашанти на модното шоу Heart Truth во 2008 година

Нејзиниот четврти студиски албум, The Declaration, бил издаден на 3 јуни 2008 година.[19] Во јули 2008 година, Ашанти била именувана за амбасадор на туризмот за округот Насау, Лонг Ајленд. Во мај 2009 година, Ирв Готи објавил дека официјално ја ослободува од The Inc. Records.[20] На 24 септември 2009 година, Ашанти објавила дека нејзиниот петти студиски албум ќе биде објавен од нејзината нова издавачка куќа, Written Entertainment.

Ашанти ја предводела актерската постава од театарската претстава Волшебникот (The Wiz) во 2009 година.[21] За улогата на Дороти, Ашанти добила мешани критики при што повеќето критичари го пофалиле нејзиниот глас, но биле помалку задоволни од нејзината глумечка способност.[22]

Thumb
Токара Џонс и Ашанти на модната недела во Њујорк во 2012 година

По четиригодишна пауза, Ашанти ја објавила песната „Never Too Far Away“, која била прикажана во филмот Dream House од Морган Крик. Главниот сингл од нејзиниот петти студиски албум, „The Woman You Love“ со американскиот рапер Баста Рајмс, бил објавен онлајн на 15 декември 2011 година.[23] Ашанти соработувала со Мик Мил и Френч Монтана за вториот сингл „No One Greater“. Во април 2013 година, објавила уште еден сингл под наслов „Never Should Have“, [24] кој подоцна ја освоил наградата „Најдобра независна R&B/Soul изведба“ на Soul Train наградите во 2013 година.[25]

На 4 март 2014 година го издала петтиот студиски албум, Braveheart.[26] Во јануари 2014 година, Ашанти го снимила видеото за официјалниот прв сингл од Braveheart насловен како „I Got It“ со Рик Рос.[27] Албумот добил поволни критики и дебитирал на десетто место на американскиот Билборд 200, станувајќи петти последователен албум на Ашанти кој се пласирал во топ-десет.

2015–сега: Соработки

Thumb
Ашанти настапува на финалето на ВНБА во 2023 година во Лас Вегас во октомври 2023 година.

Во 2015 година, Ашанти соработувала со Мишел Обама за нејзината кампања #Let'sMove за ширење на свеста за водата за пиење и објавила ново видео и песна „Let's Go“.[28] Во 2016 година, соработувала на песната „Seven Day Love“ вклучена на албумот „Inzombia“ од канадската пејачка Бели.[29] Исто така, соработувала со многу музичари, вклучувајќи ги: Сија, Алиша Кис, Џон Леџенд, Квин Латифа, Ашер и Кели Кларксон за интерпретација на песните од бродвејскиот мјузикл „Хамилтон“ во компилацијата „The Hamilton Mixtape“.[30]

Во 2017 и 2018 година била вклучена во неколку соработки, вклучувајќи го синглот „Sаy Less“ со Тај Дола Сајн, песната „The Road“ од Машел Монтано и песната „Start This Shit Off Right“ со Мек Мејн, од албумот „Тhа Carter V“ од Лил Вејн.[31]

Ашанти ја објавила соработката „Pretty Little Thing“ со Афро Би во август 2019 година.[32] [33] Таа била вклучена и во саундтракот на филмот <i id="mwAfA">Stuck</i>, кој таа го продуцирала.[34]

Во јануари 2021 година, Ашанти го издала синглот „2:35 (I Want You)“.[35] Во октомври 2022 година, Ашанти соработувала со Диди на ремиксот за песната „Gotta Move On“, во кој исто така се појавуваат Брајсон Тилер и Јунг Мајами.[36] Во февруари 2024 година, соработувала со Џермејн Дупри на синглот „This Lil' Game We Play“ заедно со Нели и Џуси Џеј.[37][38][39]

Remove ads

Личен живот

На 7 јануари 2003 година, на прес-конференција за Греми наградите во 2003 година Ашанти се запознала со раперот Нели, [17] и подоцна стапиле во романтична врска. Во 2014 година, по една деценија заедно, тие се разделиле,[40] а ја обновиле врската во 2023 година.[41] Во декември 2023 година, било објавено дека парот го очекува нивното прво заедничко дете.[42] Во април 2024 година, Ашанти ја потврдила нејзината бременост и веридбата.[43] Нивниот син се родил во август 2024 година.

На 19 јуни 2024 година, било откриено дека Ашанти и Нели се венчале на 27 декември 2023 година.

Remove ads

Дискографија

Студиски албуми
  • Ashanti (2002)
  • Chapter II (2003)
  • Ashanti's Christmas (2003)
  • Concrete Rose (2004)
  • The Declaration (2008)
  • Braveheart (2014)

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads