Ашиклар

селово Гуменџиско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Ашикларmap
Remove ads

Ашклар (Шиклара, Шиклари или Шикларе;[2] (грчки: Ευρωπός, Европос, до 1925 г. Ισικλάρ, Исиклар или Ασικλάρ, Асиклар[3]) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ, Грција. Населението брои 1.413 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено со турско мнозинство и македонско малцинство.[4]

Кратки факти Ашиклар Ευρωπός, Земја ...
Thumb
Црквата „Св. Ѓорѓи“
Thumb
Статуа од Европ
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа на западниот крај на Солунското Поле.

Историјаа

Праисторија и антика

Југоисточно од селото е откриена праисториска могила, а на два рида јужно и југоисточно од селото има антички град, кој се често се поистоветува со старомакедонскиот град Европ.[5]

В Османската империя

На почетокот на XX век Ашиклар било село во Ениџевардарска каза. На австроунгарската военна карта селото е обележано како Ишиклар (Išiklar).[6][7]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Аш’клари (Ашъклари) имало 30 жители Македонци христијани и 655 Турци.[8][9] Според спомени на жителите на околните села, дел од населението на Шиклара биле катили познати по своите зулуми, вклучувајќи убиства.[10]

Во 1910 г. во Ашиклар е создадена турска чета за спротивставување на македонските и грчките чети, возглавена од Ќорпе Ибрахим.[11] Истата година според Халкиопулос селото (Ισικλάρ) имало 1.200 муслимани.[7][12]

По податоци на Бугарската егзархија во 1910 г. Шаклара имало 211 семејства сочинети од 1.211 жители Турци.[13]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Ашиклар пред Балканските војни се состоел од 350 куќи на Турци.[14]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. Ашиклар е припоен кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1912 г. е заведен како село со исламска религија и турски јазик. На пописот од 1913 г. Асиклар (Ασηκλάρ) е село со 830 жители (476 машки и 354 женски).[7] Во 1920 г. во него живееле 896 лица.[4]

Во септември 1924 г. по сила на Лозанскиот договор населението како муслиманско е иселено во Турција, а на негово место се доведени првите грчки дојденци — 277 семејства од селото Фулаџик и 9 семејства од Киздервент, Никомидиско, 83 семејства од Чанта, Источна Тракија, 7 семејства Понд и 2 ерменски семејства. Доселениците говореле турски,[4] но оние од Киздервент се всушнос Македонци од Охридско присилно иселени таму на почетокот на XVIII век за да бидат дервенџии, чиј јазик и денес е смеса од македонски со турски зборови.[15] Во 1925 г. селото е преименувано во Европос, согласно грчката политика на присвојување на древномакедонското наследство. Во 1928 г. Ашиклар е претставен како мешано домородно-дојденско село со 1.393 доселеници (388 семејства).[16] Според други извори, таа година во него се заведени 1.338 лица.[4]

Во 1925–1927 г. е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“ во облик на трикорабна базилика од тули со со женска црква. Во 1978–1980 на нејзино место е изградена голема трикорабна базилика со купола и женска црква, посветена на истиот светец.[17]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads