Ајватово

гратче во Солунско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Ајватовоmap
Remove ads

Ајватово (грчки: Λητή, Лити; до 1926 г. Αειβάτι, Ајвати[2]) — село (или гратче) во Општина Даутбал во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Смместено е во непосредна близина на градот Солун, на само 12 километри северно од неговуот центар.

Кратки факти Ајватово Λητή, Земја ...
Thumb
Дервентскиот папирус најден кај Ајватово. Овој ракопис претставува најстарото преживеано пишано дело во Европа.
Thumb
Црквата „Св. Атанасиј“

Селото до денешен ден е населено исклучиво со Македонци.[3]

Remove ads

Местоположба

Ајватово се наоѓа во Лагадинско Поле на 10 километри западно од Лагадина крај главниот пат што води од Солун за Сер[3]. Сместено е на падините на ниската планина Балџа на излезот од превојот Дервент, на надморска височина од 150 метри со атар чие пространство зафаќа 19 км²[3]. Иако не е големо, Ајватово има статус на полуградска населба[3]. Главното занимање на жителите е земјоделството и основни земјоделски производи се жито и тутун[3].

За потеклото на името се претпоставува дека има турски корени. Името на ова село е многу слично со името на скопското село Ајватовци.

Remove ads

Историја

Ајватово или Ајвати како што многумина од патописците и околното население го викале, било патријаршиско село под големо влијание на грчката пропаганда поради блискоста до главниот центар Солун. Ајватово, Ѓувезна (Асирос), Дремиглава (Дримос), Балџа (Мелисохори) и Лагиново (Лагина) се села со сродна историја кои заедно многу рано потпаднале под грчката пропаганда и нивната „Македонска Борба“ - «μακεδονικού αγώνα». Во селото уште на почетокот на XX век било организирано патријаршиско основно училиште со еден учител задолжен за 207 ученици.[4] Од ова место потекнува Андон (Антон) Димитров Филахтечев или скратено како што го знаеме Андон Димитров еден од основачите на ВМРО на 23 октомври 1893 година во Солун.[5]

Од 1913 година после големите борби и меѓусебни преземања и смена на окупаторите за две години неколкупати, паѓа конечно под грчка власт. Името на селото опстојува сè до почетокот на втората деценија од 20век кога со декретот за измена на топонимијата во Северна Грција на 31.08.1926 година му се смени името во Лити или Лете спрема новиот изговор.[6] Новото име Лити го добива по истоимената античка населба која била центар на областа Мигдонија и постоела уште во времето на Филип II Македонски.

Remove ads

Демографија

Селото Ајватово (Лити) не било колонизирано бегалско население Маџири во 1922-1926. До ден денешен претставува чисто македонска населба во овој регион со неколку други. Ајватово е една од најголемите македонски населби во Солунската околина која до денес во етнички поглед нема претрпено никакви промени[3].

Културни и природни знаменитости

Личности

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads