Аџиматово
село во Општина Лозово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Аџиматово — село во Општина Лозово, во областа Овче Поле, во околината на градот Свети Николе.
Remove ads
Географија и местоположба
Населбата се наоѓа во јужниот дел на Овче Поле, и й припаѓа на Општината Лозово (поранешно име Џумајлија). Селото е рамничарско, на над- морска височина од 275 метри. Од патот Штип - Велес населбата е оддалечена 1,8 км, а од централното место Свети Николе 17,5 км.
Историја
На крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Атарот зафаќа простор од 6,2 км2. Доминира обработливото земјиште на површина од 564,7 ха, на пасиштата отпаѓаат 35,2 ха, а на шумите само 4,6 ха. Селото има полјоделска функција.[2]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Аџиматово имало 175 жители, сите Македонци.[3]
Според Димитар Гаџанов во 1916 година, селото имало 116 Турци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци и 25 до 50 Македонци.[5]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 74 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 53 жители, од кои 49 Македонци, 2 Албанци и 2 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Според истражувањата од 1956 година, родови во селото
Турски
- Доселеници: Фазлиовци (2 к.), Исмаил Максут (1 к.) и Коџа Елмас (1 к.) остаток од некогашните побројни турски родови. Но во поново време и тие се иселени од селото.
Македонски
- Доселеници: Николовци (4 к.) доселени се во 1927/28 година од селото Долни Стубол кај Пробиштип; Тасевски (1 к.) исто потекло и време на доселување како и претходниот род; Павлевци (2 к.) и Науновци (2 к.) доселени во исто време со претходните родови од селото Плешенци кај Пробиштип; Пауноски (1 к.) доселени во исто време со претходните родови од селото Немањици; Велин (1 к.), Андон (1 к.) и Димитрија (1 к.) доселени се во 1954 година од селото Дренак кај Крива Паланка; Стојан (1 к.), Доне (1 к.) и Стојче (1 к.) доселени се во 1954 година од селото Мартиница кај Крива Паланка; Величко (1 к.) доселени од Кривопаланечко; Трајан (1 к.) доселени од Кочанско; Стојмен (1 к.) доселени се од Нежилово кај Кратово.
Албански
Remove ads
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1705 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 48 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта
- Арсов Кладенец — вила рустика од доцноантичко време
Иселеништво
Од 1912 до 1958 година од селото се иселени 33 турски семејства. Они припаѓале на родовите Алиловци и Ѓулалиловци, во 1956 целосно иселени, и од родот Фазлиевци. После истражувањата вршени во селото се иселиле и другите Турци. Така денес во селото нема Турци. Потомците на иселените Турци се наоѓаат во Измир, и во населеното место Дургут, во близина на Измир.
Од старите Македонци во селото се знае за иселените Глигорови, во 1927/28 година се иселиле во Ерџелија.[12]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads