Општина Лозово

општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Општина Лозово
Remove ads

Општина Лозовоопштина во Македонија. Административен центар на општината е истоименото село. Општината се наоѓа во Овче Поле.

Кратки факти Општина Лозово, Држава ...
Thumb
Карта на Општина Лозово со селските атари.
Thumb
Демографска карта на Општина Лозово со селските атари.
Remove ads

Географија

Општина Лозово се наоѓа во централниот дел на Македонија, поточно зафаќа дел од Овче Поле. Вкупната територија на Општина Лозово е 165 км2. Во Општината има 11 населени места, од кои 1 се рамничарски а 1 ридско.[2] Низ Општината минува магистралниот пат М5, како и железничката линија Велес-Кочани. Општина Лозово граничи со Општина Свети Николе на север и североисток, со Општина Велес на запад, со Општина Градско на југ и со Општина Штип на исток.

Климата во Општината е умерено-континентална со слабо влијание на средоземната. Просечните врнежи во општината се 472 мм/ м². Најчеста појава на ветер е од северозапад со просечна брзина од 6 км/ч.

Remove ads

Стопанство

Стопанството во општината е претежно земјоделско. Вкупното обработливо земјиште изнесува 16.331 хектар.

Демографија

Општина Лозово, според пописот од 2002 година, имала население од 2.858 жители. Густината на населението на општината е 16.1 жител на км2. Селата во Општината се: Аџибегово, Аџиматово, Бекирлија, Дорфулија, Ѓуземелци, Каратманово, Кишино, Лозово, Милино, Сарамзалино и Ќоселери. Најголемо село е Лозово кое е и административен центар на општината.[3]

Повеќе информации Народ, Вкупно ...
Вероисповед Вкупно
православни 2.591
муслимани 253
католици 1
протестанти 0
останати 13
Јазик Вкупно
македонски 2.478
албански 33
турски 154
ромски 0
влашки 122
српски 26
бошњачки 14
останати 31
Повеќе информации Македонци, Турци ...
Општина Лозово Вкупно Македонци Албанци Власи Турци Бошњаци Срби Роми останати
Аџибегово 5 4 1
Аџиматово 74 74
Бекирлија 5 5
Дорфулија 756 568 49 117 13 3
Ѓуземелци 40 40
Каратманово 520 515 5
Кишино 22 22
Лозово 896 851 26 8 5 6
Милино 334 241 33 1 19 14 4 22
Сарамзалино 118 116 2
Ќоселари 88 42 46
Вкупно 2.858
100,00%
2.473
86,5%
33
1,1%
122
4,2%
154
5,3%
14
0,4%
24
0,8%
0
0,0%
32
1,1%

Општествени установи

На територијата на општина Лозово функционира едно централно основно училиште - ЦОУ „Методија Митевски - Брицо“ во Лозово. Централното училиште има четири подрачни училишта[4]:

  • Подрачно осново училиште Методија Митевски – Брицо во с.Каратманово
  • Подрачно осново училиште Методија Митевски – Брицо во с.Дорфулија
  • Подрачно осново училиште Методија Митевски – Брицо во с.Милино
  • Подрачно осново училиште Методија Митевски – Брицо во с.Сарамзалино
Remove ads

Самоуправа и политика

Градоначалник на општина Лозово е Бошко Цветковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2021 година за мандат од четири години.[5] Советот на општина Лозово е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

Thumb
  ВМРО-ДПМНЕ: 4 места
  СДСМ: 3 места
  НДМ: 1 место
  ДНЕТ: 1 место
Remove ads

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Култура и спорт

На територијата на Општина Лозово опстојува ФК Работник, фудбалски клуб кој се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига.

Во 2011 година е пуштено во употреба современо повеќенаменско игралиште во Лозово кое е комплетно опремено, што воедно е и теренот на којшто тренираат и настапуваат фудбалерите на Ф.К.Работник. Општината е покровител на повеќе традиционални турнири во мал фудбал и тоа[6]:

  • Традиционален турнир во мал фудбал во Лозово
  • Традиционален турнир во мал фудбал во Дорфулија
  • Традиционален турнир во мал фудбал во Каратманово
  • Традиционален турнир во мал фудбал во Милино
Remove ads

Иселеништво

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads