Бабуна (река)
река во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бабуна — река во Македонија, десна притока на Вардар. Таа извира под врвот Солунска Глава на планината Јакупица. Има должина од 65 километри, а нејзиното сливно подрачје зафаќа површина од 612 км2[1]. Бабуна протекува јужно и југозападно од Велес.
- За други значења на поимот Бабуна, видете на појаснителната страница
Remove ads
Течение
Реката Бабуна извира на југоисточната страна на Мокра Планина под врвот Солунска Глава[2] и протекува помеѓу планинскиот масив Јакупица од левата и планината Бабуна од десната страна. Од своите извори на кои се наоѓаат прекрасните водопади во пределот над селото Нежилово тече во јужен правец до Богомила[2]. Оттука протекува во југоисточен правец со до селото Оморани од каде што свртува кон североисток сѐ до вливот во Вардар[3]. Бабуна има живописна клисуреста челенка, делумно клисуресто речно корито, мали водопади во нејзиниот горен тек. Се храни со вода од поголем број на притоки.[4]. Во своето течение долго 53 километри, прима неколку притоки, од кои најзначајни се десните притоки: Брезица, Изворска и Војничка Река[2]. Поради извонредната чистина на водата во Бабуна живеат повеќе видови риби како пастрмка, плашица, бојник, како и речни ракови, кои се често ловени во летниот период. Во долниот тек реката минува низ клисурата Пешти, каде што речните вирови се доста посетени од капачи преку летниот период.
Remove ads
Галерија
- Горното течение на реката Бабуна, сликана од патот Богомила - Папрадиште
- Клисурата Пешти на реката Бабуна
- Долното течение на реката Бабуна во близината на клисурата Пешти
- Преминување на Бабуна со дрво и јаже, 1915 г.
- Скица на прсторот и положбата на земјиштето на проектиран мост на реката Бабуна, кај село Оморани, 1938 г.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads