Балкански Полуостров

From Wikipedia, the free encyclopedia

Балкански Полуостров
Remove ads

Балканскиот Полуостров или само Балкан — полуостров во Европа и културен и геополитички европски регион. Балканскиот Полуостров опфаќа територија од околу 550.000 км2 и има жители од околу 55 милиони луѓе. Името на полуостровот е од турско потекло или поточно од турскиот збор „Balkan“ што значи „ланец пошумени шуми“[1] Географските граници на Балканскиот Полуостров варираат во зависност кои параметри се сметаат, но најчесто се сметаат водните површини кои го заобиколуваат полуостровот како што се Црно Море, Егејско Море, Јадранско Море и реките Сава и Дунав. Како и географските, така и политичките граници на полуостровот варираат во зависност од тоа како се земаат предвид, односно врз основа на географската положба на земјите или нивната политичка соработка. Балканскиот Полуостров е познат и под терминот Југоисточна Европа.

Thumb
Географски граници според линијата Сава-Купа
Thumb
Географски граници според помалку познатата јадранско-црноморска линија
Remove ads

Географија

Од географска гледна точка полуостровот на север најчесто е дефиниран со границата: Кварнерски Залив - реката Купа - реката Сава - реката Дунав, но се среќаваат и други дефиниции за северната граница кои оваа линија ја поместуваат посеверно. Од исток, запад и југ Полуостровот е обиколен со вода. Највисок врв е Мусала во Рила (Бугарија), втор - Митикас во Олимп (Грција), трети - Вихрен во Пирин (Бугарија)

Remove ads

Политичка поделба

Thumb
Политичка карта на Балканот.

Држави кои се целосно на Балканскиот Полуостров:

Држави кои во поголем дел се на Балканскиот Полуостров:

Држави кои се скоро надвор од Балканскиот Полуостров:

Remove ads

Демографија

Населението на Балканскиот Полуостров според држави е:

Повеќе информации Држава, Население ...
Забелешка: Голем дел од териториите на Хрватска и Словенија не се дел од Балканот, но во оваа табела целокупното население на овие држави е вклучено.

Балканот како тема во уметноста и во популарната култура

Балканот како тема во книжевноста

  • Амамот Балканија“ - книга на српскиот писател Владислав Бајац.[15]
  • Старинарницата Балкан“ - книга на македонскиот писател Атанас чупоски.[16]
  • „Балкански патопис“ (Balkanski putopis) - песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.[17]
  • „Загатливи балкански прашалници“ - песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1966 година.[18]
  • „Балканец“ (Balkanac) - песна на Десанка Максимовиќ.[19]

Балканот како мотив во музиката

  • „Балкан“ - песна на рок-групата „Азра“ од 1980 година.[20]
  • „Балкан Бој“ (Balkan Boj) - песна на црногорскиот музичар Рамбо Амадеус од 1989 година.[21]
  • „Балкан“ - песна на македонската енто-група „Dragan Dautovski Quartet“.[22]
  • „Хотел Балкан“ - песна на српскиот поп-пејач Здраво Чолиќ.[23]
Remove ads

Наводи

Користена литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads