Бамбус (коктел)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Бамбус (коктел)
Remove ads

Бамбусалкохолен пијалак кој се состои од еднакви делови на црвено вино и кола-засновани газирани безалкохолни пијалаци.[1][2] Од 1970-тите години, тој станува икона на баскиската култура и еден од најпопуларните меѓународни шпански пијалаци.[3]

Thumb
Бамбус во каталонски порон

Подготовка и послужување

Бамбусот во различни подрачја различно се послужува. Во баровите на одредени подрачја се служи во кратки стаклени чаши, потоа се додава многу мраз, па се долева црвеното вино и безалкохолниот пијалак. Во други области, се служи во високи чаши, а некаде се додава и жесток пијалак на основа на анасон. Има и варијанта со парче лимета.

Вообичаен начин на сервирање при дружби е голем бокал половина да се наполни со црвено вино, а другата половина со газиран безалкохолен пијалак. Исто така вообичаено се додава мраз. Потоа се полнат чашите на луѓето.

Remove ads

Име

Овој алкохолен пијалак има различни имиња во различни земји. Во Шпанија се нарекува „калимочо“, во Португалија „пимента“, во Романија „моторина“, во Вашингтон, САД „вајн кола“.

Во Македонија, другите држави од поранешна Југославија и Албанија се нарекува „бамбус“.

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads