Лимета
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лимета — име на неколку различни агрумни овошја од семејството цитруси[3], кои се начелно округли, зелени по боја, 3-6 см во пречник, содржат кисела внатрешност и потенка кора. Слични се на лимонот, освен по бојата и донекаде во вкусот. Често се користат како додаток во храна и пијалаци.
Remove ads
Видови
Најчестиот вид на лимета се големите, зелени персиски лимети (Citrus × latifolia) и нешто пожолтите мексикански лимети (Citrus aurantifolia).[4]. Меѓу другите видови се и
- мандаринска лимета (Citrus limonia)
- кафирска лимета (Citrus hystrix)
- разни австралиски лимети
- слатка лимета (Citrus limetta)
- палестинска слатка лимета (Citrus limettioides) и
- мисковна лимета (X Citrofortunella mitis).[5]
Примена
Пијалаци
Сокот од лиметата се користи во пијалаци како лиметада (за разлика од лимонада). Исто така, лиметата се додава во многу коктели со алкохолни пијалаци, на пример: џин-тоник, маргарита, мохито, кајпириња и куба либре. Исто така, многу пијалаци се украсуваат со кришка или кора од лимета. И пивото, особено во Мексико, се служи со резанка од лимета задената во грлото од шишето. И други неалкохолни пијалаци се прават со извесно количество лимета.
Готвење
При готвењето, лиметата се користи и поради киселоста на сокот и поради растителната арома. Се става во некои видови десерти, потоа во многу јадења од мексиканската и тајландската кујна. Сушените лимети се употребуваат како зачин во персиската кујна. Лиметата е исто така основна состојка во тамилската кујна.
Други примени
Со цел да се спречи скорбутот во текот на XIX век, Британските морнари добивале дневно следување на цитрусни овошја, лимети или некои други. Подоцна се открило дека болеста се добива од недостиг на витамин Ц и дека лиметата содржи големи количини на тој витамин.
Екстрактите од лимета и етерични масла се користат и во производството на парфем, производи за чистење и ароматерапија.
Remove ads
Производство

Според податоци на Агенцијата на ОН за храна ФАО од 2005 година, Мексико произведува скоро 12% од вкупното произведено количество на лимети во светот, а потоа следат Индија, Аргентина, Иран и Бразил.
Наводи
Галерија
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads