Трново (Битолско)

село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia

Трново (Битолско)map
Remove ads

Трново — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Оваа статија се однесува на битолското село Трново. За други значења, видете Трново (појаснување).
Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото Трново се наоѓа во подножјето на планината Баба, западно од градот Битола.

Историја

Thumb
Трново во почетокот на XX век
Thumb
Разгледница од почетокот на XX век на која се претставени манастирите од Буково, Трново и Барешани

Трново најпрво било словенско село, на што јасно укажува името на селото. Најстар помен за ова село е од првата половина на XVII век.[2] Власите во Трново се доселиле во втората половина на XVIII заедно со оние во соседното село Магарево.[2] Најпрво се доселила една група Албанци муслимани од околината на Корча, а потоа се доселиле две побројни групи: Власи од Москополе, Грамошта и Клисура и православни Албанци од околината на Корча и Колоња.[2]

Трново во XX век

Во почетокот на XX век, Трново било во најголем процут од неговото постоење. Во центарот биле сместени занаетчиски, трговски дуќани и фурни. Но, егзодусот што им се случил на жителите што биле од Москополе се повторил за време на војната. Тука минувала линијата на фронтот на завојуваните страни. Бугарите ги интернирале жителите од селото, а француската артилерија ги разурнала сите куќи. Според хроничарот Такец, Винстон Черчил забележал дека во борбите за Битола и околината од двете противнички страни стоеле под оружје по 190.000 војници со по околу 900 топови. Сојузниците под командата на генералите Сарај и Милн во Битола влегле во почетокот на ноември задржувајќи ја линијата на фронтот во непосредна близина на градот неполни две години. Поради изменетите услови за живеење и разурнатото село голем дел од жителите се иселиле во Битола, Србија, Грција, особено во Лерин, Романија, Бугарија и во други држави. Според истражувањата на Кокан Грчев во текот на воените операции разурнати се голем број манастири и цркви. Во декември 1916 година голем број објекти во селото Трново како и старата црква „Света Богородица“ подигната во 1837 година се целосно разурнати и срамнети со земја. Повторното населување почнува во 1919 година кога почнува изградбата на разурнатото село. Во 1926 година се добиени одредени средства во вид на воена отштета, а се собрани и доброволни средства од Битола и околните села со што е овозможено да почне изградбата на црквата. Иконостасот во црквата е изработен од Мијакот Нестор Алексиевски од Гари со своите синови, а во 1962 година доградена е камбанаријата како подарок од Џон Спиро, битолчанец иселеник во САД.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]

Remove ads

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Трново живееле 2.450 жители, од кои 2.400 Власи и 50 Албанци.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Трново се води како чисто влашко село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 338 куќи.[5]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Трново имало 1.920 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци, 100 Албанци и 100 Власи.[7]

Според пописот од 2002 година селото има 278 жители и тоа:[8] 146 Македонци, 82 Албанци, 48 Власи, 1 Србин и 1 останат.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 263 жители, од кои 130 Македонци, 69 Албанци, 2 Турци, 34 Власи, 1 останат и 27 лица без податоци.[9]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[10]

Повеќе информации Година, Македонци ...

Родови

Трново е мешано албанско-влашко-македонско село.

Родови во селото се:

  • Албански родови: Зеро (2 куќи) доселени се од јужна Албанија, дошол основачот на родот Узеир, го знаат следното родословие: Максут (жив на 62 г. во 1950-тите) Алил-Беќир-Муарем-Узеир, кој дошол во селото; Рамизовци (4 куќи), Аметовци (2 куќи), Љатифовци (2 куќи), Мемедовци (1 куќа), Рустемовци (1 куќа) и Ибраимовци (1 куќа) доселени се од истото место од кое се доселени и родот Зеро; Јусуфовци (1 куќа) доселени се во турско време од селото Снегово.
  • Влашки родови: Гушо (1 куќа), Бошковци (1 куќа), Дервен (1 куќа) и Стерјани (1 куќа) доселени се од Грамошта и Москополе; Куниовци (2 куќи), Дука (5 куќи), Адамовци (2 куќи), Пецо (1 куќа), Михалаќи (1 куќа), Алексо (1 куќа), Митруш (1 куќа), Тинка (1 куќа), Лаке (1 куќа) и Минго (1 куќа) потекнуваат од православни Албанци, порано збореле албански, а сега влашки, мешајќи се со Власите. Во родот Дука се знае следното родословие: Тодор (жив на 83 г. во 1950-тите) Јован-Ѓорге-Дуко, основачот на родот кој се доселил, овие родови се доселени од околината на Корча, Колоња и Дарда; Јаневци (2 куќи) потекнуваат од Каракачани, порано зборувале грчки; Маноло (3 куќи), Стојовци (2 куќи) и Маџо (1 куќа) потекнуваат од македонски родови, мешајки се со власите го примиле влашкиот јазик, родот Маноло се доселил од некое околно македонско село, додека другите два рода се доселени однекаде.
  • Македонски родови: Талевци (4 куќи) доселени се однекаде пред крајот на турското владеење; Петревци (1 куќа), Ставревци (1 куќа) и Писковци (1 куќа) доселени се во 1904 година од селото Ротино; Цветковци (1 куќа) доселени се на крајот од турското владеење од раселеното село Кочишта; Котевци (2 куќи) доселени се од Секирани, а пред да дојдат овде живееле и во Братин Дол; Аргиновци (5 куќи) доселени се во 1920 година од селото Јабланица, Струшко; Димовци (1 куќа) доселени се во текот на Првата светска војна од некое село во Тиквеш.[11]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 131 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Магарево.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 321 гласач.[13]

Културни и природни знаменитости

Цркви[14]
Археолошки наоѓалишта[15]

Редовни настани

  • Јули - Традиционална погранична средба, ја организира Заедницата на организациите на етничките Македонци протерани од Грција - Битола[16].
  • Саем на локални производи - се одржува секоја година со цел за подобрување на животните услови на руралното население во потпланинскиот регион преку идентификација, промоција на локалните производи, развој на алтернативниот туризам и одржливост на природните ресурси[17].
Remove ads

Личности

  • Славе Стерјовски - македонски музичар, автор музички нумери од македонскиот и влашкиот мелос;
  • Димитри Атанасеску (1836 - 1907) - влашки просветен деец;
  • Перикел Џогов (1874 - 1952) - влашки лекар[18]
  • Петрос Кирјазис (1878 - 1925), грко-влашки просветен деец и поет[19]
  • Јоан Чјули (1862 - 1926) - влашки географ и политичар;
  • Михали Николеску (1835 - 1865) - влашки поет;
  • Нафи Сулејман (1918) - партизан и деец на НОВ;
  • Сотир Џогов (1890 - ?) - македоно-одрински доброволец[20]
  • Ташку Пучереа (Taşcu Pucerea) - влашки активист во Романија и политичар;
  • Теохари Милитари (1861 - 1929) - општественик;
  • Јанаки Штерјов (1865 - ?) - револуционер од редовите на ВМРО;

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads