Бас Тер

општина во Гвадалупе и негов главен град From Wikipedia, the free encyclopedia

Бас Терmap
Remove ads

Бас Тер (француски: Basse-Terre) — главен град (префектура) на Гваделуп, кој претставува прекуморски регион и департман на Франција во островската група Мали Антили.[1] Градот е сместен на истоимениот остров, кој ја опфаќа западната половина на Гваделуп.

Кратки факти Бас Тер Basse-Terre, Земја ...

Иако претставува административен центар, Бас Тер е втор по големина во Гваделуп, по градот Поент а Питр. Поширокото градско подрачје има население од 44.864 жители, од кои 12.400 живеат во самиот град.[2]

Remove ads

Историја

Thumb
Катедралата „Свети Петар и Павле“

Градот е основан во 1643 г. во планинскиот дел на островот Бас Тер (еден од двата острова на Гваделуп). Повеќепати е уништуван во екот на Англо-француската војна и како нејзина последица. Во 1976 г. се јавил страв од избувнување на вулканот Суфриер, поради што градот бил привремено иселен.

Забележителности

Главна црква во градот е катедралата „Свети Петар и Павле“ (Saint-Pierre-et-Saint-Paul) од XIX век, направена од сив камен со бели статуи. Бас Тер има многу зачувани градби од колонијално време. Позначајни градски свратилишта се плоштадот „Арбоово Поле“ (Champ d'Arbaud) и паркот Жарден Пишон на југ. На врвот на месниот рид се наоѓаат зоолошката и ботаничката градина, сместени во поголем парк на брегот на реката Ерб кој претставува резерват на растенија и животни.

Remove ads

Клима

Бас Тер е сместен на преодно место помеѓу екваторскиот и монсунскиот климатски појас. Врнежите се застапени преку целата година, со нешто посув период од јануари до март. Најсувиот месец (февруари) има просечни врнежи од 60 мм. Температурата во градот е релативно рамномерна во текот на целата година.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads