Башќој
село во Лагадинско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Башќој (грчки: Κεφαλοχώρι, Кефалохори; до 1927 г. Μπας Κιόι, Бас Ќој[2]) — село во Лагадинско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа на 30 км западно од Сер, во североисточното подножје на Богданска Планина.
Историја
Во Отоманското Царство
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Башќој било село во Лагадинската каза со 110 жители Турци.[3]
Во Грција
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1920-тите сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Башќој се води како дојденско село со 116 жители (28 семејства).[4]
Во 1965 г. е изградена црквата „Св. Никола“.[5]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads