Безимјани

From Wikipedia, the free encyclopedia

Безимјани
Remove ads

Безимјани (руски: Безымянный - безимен) — активен стратовулкан на полуостровот Камчатка, Русија. Се сметал за изгаснат до 1955 година, па оттаму и не добил име,постојано во сенка на некои други вулкани како соседниот, Кључевскаја.[2] Активноста му почнала во 1955 година, кулминирајќи во драматична ерупција на 30 март 1956 година.[3] Оваа ерупција, слична на онаа на планината Сент Хеленс во 1980 година, произвела голем кратер во форма на потковица, формирана при колапсот на врвот и поврзаната латерална експлозија. Потоа се создала лавина купола со повремена експлозивна активност и пирокластични текови, кои во голема мера го исполниле кратерот во 1956 година. Оттогаш вулканот речиси континуирано избувнува, а најновата ерупција била забележана во декември 2017.[4] Неговите типични избуви најќесто се експлозивни.

Кратки факти Безимјани, Највисока точка ...

Ерупција со текови на лава се случила во февруари 2013.[5] Во 2013 година имало максимален број на ерупции што некогаш биле забележани на полуострвот Камчатка, од почетокот на 20 век. Од почетокот на годината на Камчатка биле следени ерупциите на девет огнени планини. Слично се случило и во 1945 година, но тогаш научниците прателе ерупции на само шест вулкани. Поставениот рекорд се однесува само на бројот.

Во поглед на интензитетот и јачината, како најсилни се издвојуваат ерупциите во 1956, 1964 и 1975-1976 година[6], кога се случиле катастрофалните ерупции на вулканот Безимјани и Шивелуч, а воедно и многу силната ерупција на вулканот Плоски Толбачик.[7]

Remove ads

Потекло

Новиот Безимјани вулкан, многу помал од неговите масивни соседи Камен и Кључевскаја Сопка, се формирал околу 4700 години над комплексот од лавини куполи и праисторискиот вулкан изграден пред околу 11,000–7000 години во доцниот Плеистоцен. Во минатите 3000 години имало три периоди на позасилена активност[4].

Thumb
Темна лава по источната падина на вулканот Безимјани на Камчатка, септември 1990 .

Опис

Безимјани се наоѓа на југоисточната падина на угасениот вулкан Камен. Овие два вулкани се одделени со високо, тесно седло. Источните и западните падини на Безимјани се пресечени од две широки и коси долини. Неколку лавини текови може да се најдат на горните делови од неговите падини. Тој е со пониска надморска височина и долж јужната и западната негова страна, се протегаат куполи. Безимјани се наоѓа на гребенот кој се протега од североисток кон југозапад. Голем дел од вулканот е составен од дебела маса на светлосив хорнбленд и андезит. Повеќето од овие лави на долните падини на Безимјани се покриени со лабави пирокластични наслаги.[2]

Безимјани се градел во неколку фази. За време на подоцнежна фаза, на врвот на вулканот се формирал експлозивен кратер. Многу текови на лава, составени од потемни аугитни андезити кои потекнуваат од кратерот, делумно достигнуваат до дното на вулканот. Со тек на времето, помали ерупции продолжиле и формирале мали вулкански конуси на јужните и западните падини на вулканот.

Thumb
Еруптивни вулкани на Камчатка: Безимјани, Кључевскаја Сопка и Шивелуч
Remove ads

Ерупција

Вулканот се разбудил во 1955. Околу 29 септември 1955, бројни земјотреси се чувствувале под вулканот. На 22 октомври вулканот почнал да еруптира, исфрлајќи 5-8 км вулкански материјал во воздухот. Во вулканот се создал притисок кој ја подигнал старата купола 100 метри.[2] Мекдоналд[8], ја користел студијата на Горшков (1959)[3] за да ја опише климатската ерупција:

"На 30 март огромна експлозија го уништи врвот на планината, намалувајќи ја височината на врвот за околу 600 метри и формирајќи кратер околу еден километар. Голем вулкански облак изби косо нагоре кон исток под агол од 30-40 степени, достигнувајќи висина од 24 милји. На растојание од 15 милји, дрвјата се распаднаа од силата на експлозијата. Осумнаесет милји подалеку, кората на зелените дрвја беше изгорена а сувите се запалија. Снег од 3 до 6 метри длабок се стопи од топлиот пепел по должината на централната линија на експлозијата. Истовремено, големите блескави лавини ги повлекоа планинските падини, особено во долината Сува Хапица. Шест до осум милји источно од кратерот земјата беше покриена со 1,5 метри дебел слој песоклива пепел а 11 милји подалеку долината на реката целосно беше исполнета со наслаги од зажарената лавина. Лавината донесе калливи текови кои продолжија по должината на долината "[8].


Ваквиот опис на ерупцијата е скоро идентичен со оној при ерупцијата на Сент Хеленс во 1980 година. По климатската ерупција, активноста на Безимјани се ограничила само на растот на куполата на кратерот Нови. Растот на куполата бил проследен со бројни експлозивни епизоди. Од ерупцијата во 1955-57 година чиј вулкански експлозивен избув бил VEI 5[9], Безимијани избувнал 34 пати.[2][10] Ерупциите се јавуваат еднаш или двапати годишно[9].

Галерија

Поврзано

Литература

  • Bogoyavlenskaya, G.Y., and Torley, R., 1982, 25 years of activity at Bezymianny: Volcano News, no. 13, p. 6-7.
  • Macdonald, G.A., 1972, Volcanoes: Prentice-Hall Inc., Englewood Cliffs, New Jersey, 510 p.
  • SEAN Bulletin, 1986, Smithsonian Institution, Washington, D.C., v. 11, no. 4, p. 1-28.
  • Simkin, T., and Siebert, L., 1994, Volcanoes of the World: Geoscience Press, Tucson, Arizona, 349 p.
  • Smithsonian Institution's Global Volcanism Network, 1995, Summary of Recent Activity: Bulletin of Volcanology, v. 56, p. 675-680.
  • Vlodavetz, V.I. and Piip, B.I., "Catalogue of the Active Volcanoes of the World Including  Fields: Part VIII, Kamchatka and Continental Areas of Asia,"International Volcanological Association, Napoli, Italy, 110 pp., 1959.
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads