Толбачик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Толбачик (руски: Толбачик) — вулкански состав на полуостровот Камчатка, источна Русија. Се состои од два вулкана, и тоа зарамнетиот штитест вулкан Плоски Толбачик (3.085 м) и стрмниот стратовулкан Остри Толбачик (3.682 м).[3] Бидејќи второспоменатиот е повисок, целата планина понекогаш го носи името „Остри Толбачик“. На Камчатка, северно од Толбачик постои и друг вулкан со име Остри, кој е неповрзан со него.
Remove ads
Активност
Вулканот настанал во плеистоценот активен веќе неколку илјади години, но најзначајниот избув се случил во 1975 г. и е наречен „Голем расцепен толбачички избув“ (Большое трещинное толбачинское извержение) На настанот му претходела земјотресна стихија, која им овозможила негово успешно предвидување од стручњаците во Институтот за вулканологија и сеизмологија. Избувот создал неколку нови згурни конуси и исфрлил толку многу лава, што се смета за најголем базалтен избув на Камчатка во забележаната историја.
На 27 ноември 2012 г. низ двата расцепа (останати од последниот настан) почнал да се одвива стромболски тип избув. Поради базалтниот состав, лавотекот се движел мошне брзо и наскоро ги преправил градбите оддалечени 4 км. Активноста траела повеќе од еден месец, постојано прелевајќи ја околината.[4][5][6] Лавата стигнала на растојание од 20 км од пукнатините на јужното крило на планината. Според надлежните стручњаци[7], избувот сè уште трае.[8]
Remove ads
Минералогија
Фумаролните наслаги на Тобалчик имаат мошне необичен состав до таа мера што до септември 2017 г. се пронајдени дури 100 нови минерали, меѓу кои аларзитот и толбахитот.[9]
Погледи


Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads