Белатрикс

From Wikipedia, the free encyclopedia

Белатрикс
Remove ads

Белатрикс (γ Ori / γ Orionis), или Гама Орион, е трета по сјајност ѕвезда од соѕвездието Орион и дваесет и седма од списокот на најсјајни ѕвезди на ноќното небо.

Thumb
Кратки факти Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000, Соѕвездие ...

Името Белатрикс е латински назив за жена воин. Позната е и како Амазонска Ѕвезда. Се смета дека припаѓа на групата ѕвезди од соѕвездието Орион, но денес е познато дека можеби и не е дел од нив, бидејќи е многу поблиску до нас од останатите ѕвезди од таа група.

Низ историјата оваа ѕвезда се користела како стандард за сјајност со која астрономите ги споредувале другите ѕвезди. Но подоцна е откриено дека е еруптивно променлива, и дека сјајноста ја менува за неколку проценти во текот на времето. Магнитудата на Белатрикс е меѓу 1,59 до 1,64.

Се наоѓа на далечина од 240 светлосни години од Земјата.

Remove ads

Наводи

Thumb
За споредба на сјајноста: Белатрикс - гама ѕвезда (лево), Алгол - бета ѕвезда (десно), Сонцето (центар), и други објекти.
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads