Белски манастир

манастир во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Белски манастирmap
Remove ads

Белски манастирманастир во источниот дел на Македонија, на планината Осогово, во близина на селото Бели.

Кратки факти Информации, Целосно име ...
Remove ads

Историја

Темелите за изградба на манастирот биле поставени во 1964 година, а се верува дека на тоа место имало манастир и во минатото.[1] Во 2011 година, до манастирот бил изграден асфалтен пат, а просторот бил уреден со клупи и други содржини.[2]

Градби и знаменитости

Во склоп на манастирот влегуваат една црква, помошни објекти, летниковци, бунар и стар даб.

Црква „Свети Илија“

Црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна, а пред главниот влез од западната страна е доградена припрата. Внатрешноста на црквата не е зографисана.

Даб

Во дворот на манастирот се наоѓа даб од видот на благуни (науч. Quercus pubescens) којшто се смета дека е стар околу 600 години, со што е еден од најстарите претставници од овој вид во регионот, а со закон е заштитен како споменик на природата.[2] Дабот е висок 19 м и има обем на стеблото од 5,9 м. Во октомври 2019 година, дабот бил прогласен за природна реткост.[3]

Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads