Белски манастир
манастир во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Белски манастир — манастир во источниот дел на Македонија, на планината Осогово, во близина на селото Бели.
Remove ads
Историја
Темелите за изградба на манастирот биле поставени во 1964 година, а се верува дека на тоа место имало манастир и во минатото.[1] Во 2011 година, до манастирот бил изграден асфалтен пат, а просторот бил уреден со клупи и други содржини.[2]
Градби и знаменитости
Во склоп на манастирот влегуваат една црква, помошни објекти, летниковци, бунар и стар даб.
Црква „Свети Илија“
Црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна, а пред главниот влез од западната страна е доградена припрата. Внатрешноста на црквата не е зографисана.
Даб
Во дворот на манастирот се наоѓа даб од видот на благуни (науч. Quercus pubescens) којшто се смета дека е стар околу 600 години, со што е еден од најстарите претставници од овој вид во регионот, а со закон е заштитен како споменик на природата.[2] Дабот е висок 19 м и има обем на стеблото од 5,9 м. Во октомври 2019 година, дабот бил прогласен за природна реткост.[3]
Remove ads
Галерија
- Влезната порта од дворот
- Манастирската црква
- Дабот
- Дворот на манастирот
- Бунар
- Помошен објект
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads