Берберски јазици

From Wikipedia, the free encyclopedia

Берберски јазици
Remove ads

Берберски јазици (ⵜⴰⵎⴰⵥⵉⵖⵜ, Tamazight) — јазична група кои најзастапена во Мароко, Алжир, Нигер, Мали и Либија. Сродни народи живеат исто така низ цела Сахара и во северните делови на Сахел. Тие припаѓаат во афроазиската група на јазици. Има силно движење помеѓу говорниците на северноберберските јазици за обединување на сите варијансти од јазикот во еден единствен наречен тамазигтски јазик.

Кратки факти Берберски јазици, Народност: ...
Remove ads

Терминологија

Етимолошки гледано, поимот „амазиг“ кои го користат самите Бербери значи „слободни луѓе“, „благородни луѓе“ или „бранители“. Поимот „Бербер“ се користел во Европа уште од 17 век. Поимот или потекнува од арапското البربر, al-Barbar, или од грко-римското Barbaricae.

Поимот „Тамазигт“ (Tamazight) традиционално се користел за рифијанските и централномароканските тамазигтски дијалекти. Голем број берберски јазичари сметаат дека „Тамазигт“ е чист берберски збор кој се користи во берберските текстови, а „Бербер“ се користи во европските текстови. Европските јазици прават разлика меѓу „Бербер“ и „варвар“, но арапскиот не и користи еден збор за двете значења - al-barbari. Некои автори го користат и поимот „Амазиг“.

Традиционално, поимот „Тамазигт“ се користел од Берберите да го означат говорниот јазик, вклучувајќи ги и средноатласките, рифијанските, сенедските и туаречките дијалекти. Сепак поединечки берберски групи користат посебни поими, како на пример Тазнатит или Зенати во Алжир, Такбајлит од Кабилејците, Сиви, Шелха во Тунис и Мароко и сл.[1]

Remove ads

Примери

Берберското "c" се изговара „ш“, "x" се изговара „х“ и "ɣ" се изговара како француското или германското "r".

Разговор

Повеќе информации македонски, берберски ...

Броеви

Повеќе информации English, Berber ...
Повеќе информации македонски, берберски ...

Денови од седмицата

Повеќе информации македонски, берберски ...
Remove ads

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads