Берингов Проток

From Wikipedia, the free encyclopedia

Берингов Протокmap
Remove ads

66°0′N 169°0′W

Thumb
Сателитска снимка на Беринговиот Проток
Thumb
Морепловна карта на Беринговиот Проток

Берингови Проток (руски: Берингов пролив, англиски: Bering Strait, јупички: Imakpik)[1][2] е 85 км широк морски проток помеѓу ’ртот Дежњов (Чукотски автономен округ, Русија), најисточната точка (169° 43' ЗГД) на азискиот континент и ’ртот Принц од Велс (Алјаска, САД), најзападната точка (168° 05' ЗГД) на северноамериканскиот континент. Протокот лежи малку појужно од поларникот на приближно 65° 40' СГШ. Денешната граница помеѓу САД и Русија се наоѓа на 168° 58' 37" ЗГД[3].

Антрополозите сметаат дека првите луѓе преминале од Азија во Северна Америка копнениот премин наречен Берингија што го сечел протокот, поврзувајќи ги двата континента. Ова денес веројатно е подводен срт кој тогаш бил на површина. Теоријата вели дека тогаш океанот бил на пониско ниво, поради тоа што огромно количество на вода било заробено во ледниците.[4]

Руското крајбрежје долж Беринговиот Проток е затворено за јавноста како воена област и сите неовластени лица се задржуваат накратко во притвор и се испраќаат назад од кајшто дошле.[5]

Remove ads

Историја

Прв што поминал низ Беринговиот Проток бил рускиот истражувач Семјон Дежњов (1648). Во 1728 во протокот влегол данскиот истражувач Витус Беринг во служба на руската морнарица, чие име го носи протокот и морето. Првиот што преминал од Азија во Америка преку него е Михаил Гвоздев (1732). Во 1878/79, финскиот истражувач Адолф Ерик Норденшелд препловил долж целиот северен брег на Сибир, со тоа докажувајќи дека не постои сувоземен премин помеѓу Азија и Северна Америка.

Remove ads

Географија

Беринговиот Проток е широк околу 85 км, а длабочината се движи од 30 до 49 м.[6] Го поврзува Чукотското Море (во состав на Северноледениот Океан) на север со Беринговото Море (во состав на Тихиот Океан) на југ.

Меѓународната датумска граница се протега на подеднакво растојание помеѓу двата Диомидови Острови во протокот, на растојание од 1,6 км. Со ова, руската и американската страна се во различни календарски денови, така што ’ртот Дежњов е 21 час понапред од американската страна (20 часа при летно сметање на времето).

Remove ads

Население

Thumb
Островите Мал Диомид (САД, лево) и Голем Диомид (Русија, десно)

Подрачјето околу протокот е слабо населено.

На американската страна, делот што се граничи со протокот му припаѓа на Номското пописно подрачје, со население од 9.000 жители. Целата област не е поврзана со патишта до поголемите населени места во Алјаска, со искчучок на неколку околу градот Ном.

На руската страна, карајбрежјето спаѓа во Чукотскиот автономен округ. Долж протокот се среќаваат населените места Провиденија (4.500 жит.) и Чукотски (5.200 жит.).

На половина пат во протокот се наоѓаат Диомидовите Острови. На островот Мал Диомид (САД) има селце со училиште.

Предложен тунел

Постојат разни предлози за патно поврзување на Алјаска и Сибир со мост или тунел преку Беринговиот Проток. Во август 2011, и покрај голоемите политички, технички и финансиски потешкотии, Русија го одобрила проектот „TKM-World Link“ за изградба на тунел во вредност од 65 милијарди долари. Доколку се оствари планираното, ова ќе биде најдолг тунел во светот (103 км).[7]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads