Диомидови Острови

From Wikipedia, the free encyclopedia

Диомидови Острови
Remove ads

Диомидовите Острови (руски: острова Диомида или острова Гвоздева, англиски: Diomede Islands) — целина од два карпести острова:

Кратки факти Географија, Место ...

Диомидовите Острови се наоѓаат во средината на Беринговиот Проток помеѓу Алјаска и Сибир. На север е Чукотското, а на југ е Беринговото Море. Островите разговорно се нарекуваат „Денешен Остров“ (Големиот Диомид) и „Вчерашен Остров“ (Малиот Диомид) бидејќи Голем Диомид е 21 час понапред од Малиот Диомид.

Островите се наречени по маченикот Свети Диомид, чија слава паѓа на денот кога данскиот морепловец Витус Беринг во служба на руската морнарица ги забележал пловејќи по морето.[1]

Remove ads

Местоположба

Помеѓу островите се протега границата на двете земји, како и меѓународната датумска граница. Границата е оддалечена околу 2 км од секој остров и лежи на местоположба 168°58'37" ЗГД. Во најтесниот тел, растојанието меѓу островите изнесува 3,8 км. На западната страна на Малиот Диомид се наоѓа селото Дајомиди (Diomede), кое мештаните го нарекуваат Иналик (Inalik).

Големиот Диомид се смета за најисточна точка на Русија.

Овие острови често се споменуваат како места низ кој би поминувал идејниот мост или тунел преку Беринговиот Проток што треба да ги поврзе Русија и Америка.[2]

Зиме помеѓу островите се протега мост од мраз, што овозможува преминување од САД во Русија (и обратно) одејќи пешки.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads