Беровско-делчевска Котлина

котлинска целина во источна Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Беровско-делчевска Котлинаmap
Remove ads

Беровско-делчевска Котлинакотлинска целина во просторот на горниот тек на реката Брегалница до езерото Калиманци во Истибањската Клисура. Ограничен е со водоразделните линии по планините и разгранците на: Осогово, Влаина, Малешевските Планини, Плачковица, Обозна и Голак. Зафаќа вкупна површина од 1102,6 км2.[1]

Thumb
Беровско-делчевска Котлина
Местоположба на Беровско-делчевската Котлина во Македонија

Лежи на надморска височина од 400 до 2.100 м, но во најголем дел (над 85%) е на висина од 600 до 1.200 м. Просторот е сочинет од две посебни морфолошки целини. Едната е Беровската Котлина или како област, позната под името Малеш, а втората Делчевската Котлина, позната под името Пијанец. Двете се разделени со возвишението на Бејаз Тепе (1.348 м) и клисурата на Брегалница во непосредна близина.

Рамничарскиот релјеф е незначително застапен поради трајно присуство и смена на ниски ридови. Оттаму во Малеш 90% од ридестиот релјеф е сместен од 800 до 1000 м. Во Малеш превладува планинскиот, а во Пијанец ридестиот релјеф.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads