Биномна распределба

From Wikipedia, the free encyclopedia

Биномна распределба
Remove ads

Биномна распределба B(n, p ), n, p(0,1) — случаен опит во веројатностa и статистиката, кој се повторува n пати Бернулиев опит со веројатност на успех p запишувајќи го бројот k на успеси во n-тите повторувања.[1]

Кратки факти Биномна распределба, Тип ...
Remove ads

Одлики на биномната распределба B(n,p)

  • Биномна распределба е потполно определена со веројатноста на успехот p на Бернулиевиот опит заедно со бројот на повторувања n.
  • Биномна распределба е дискретна распределба со дискретната случајна променлива со n+1 елементи: X={0,1,2,...,n}.
  • Pr(X=k) е веројатноста на k успеси во n повторувања на Бернулиевиот опит со веројатноста на успех p, kX.

Пример: B(5;0,8).

B(5;0,8) значи биномен опит каде што се повторува n=5 пати Бернулиев опит со p=0,8. Има n+1=5+1=6 исходите, т.е. случајната променлива е X={0,1,2,3,4,5}. Елементот k=0 на Х е исходот каде што во 5-те повторувања на Бернулиевиот опит, немале ниту еден успех, елементот k=1 е каде што имало точно еден успех, ..., а елементот k=5 е каде што во 5-те повторувања на опитот сите биле успешни.

Во табелата се наведени сите подредени исходи (пишувајќи 0 за неуспех, а 1 за успех како што е вообичаено за Бернулиев опит). Овие не се исходи на биномниот опит, бидејќи во опитот редоследот не е важен. Тука само гледаме на колку начини можат да се добијат k успеси во n повторувања. На пример, има само еден начин да се добие k=0, односно сите исходи на опитот да се неуспеси 00000.

Повеќе информации k ...
  • Во последниот ред од табелата e запишан бројот на подредените исходи во таа колона. Гледаме дека тој број го следи т.н. биномен коефициент
каде што знакот ! значи факториел, т.е. n!=n·(n-1)·(n-2)...·(2)·(1) (види и комбинаторика).
  • Од друга страна, бидејќи секое повторување на Бернулиевиот опит е независно од минатите како и од идните повторувања, веројатноста на секој подреден исход со k успеси во n повторувања е
.

Следува дека веројатноста на секоја елемент k на Х e производот на овие два броја, односно

Се разбира дека може да се докаже дека збирот на веројатностите е 1.[2]

Remove ads

Распределби на биномна распределба

Закон на распределба - PDF на B(n,p)

Повеќе информации , ...

Кумулативна распределба - CDF на B(n,p)

Бидејќи при собирање на соодветните веројатности во општа форма не доаѓа до некоја скратена форма ги даваме само неколку.

Повеќе информации CDF на B(n,p), x∈ℝ ...
Remove ads

Мерки на биномен опит

Remove ads

Примери

Пример (прод.): B(5,0.8) Приказ на распределбите, ...

Повеќе информации PDF-от на B(5,0.8), CDF-от на Б(5,0.8) ...
Очекувана вредност: E(x)=np=5·0,8=4
Дисперзијата е: σ2=np(1-p)=5·0,8·0,2=0,8
Стандардното отстапување е: σ 0,89


Пример: Еден стрелец има веројатност p=0,8 да ја погоди целта. Колку е веројатноста во пет стрелања стрелецот да ја погоди целта барем 3 пати? Одговор: B(5;0,8) и 1-Pr(x<3)=1-0,0579=0,9421=94,2%.

Remove ads

Претставување на биномната распределба со Геогебра

За графички приказ на PDF-от, т.е. законот на распределба и на CDF-от, т.е. кумулативна распределба на биномна распределба може да се користи бесплатниот софтвер Геогебра.[5]

Дефиниции специфични за биномната распределба се:

n=10    (или соодветен лизгач)

p=0,8  (или соодветен лизгач)

N=n+1

list1=Sequence[k-1,k,1,N]   Ја дефинира list1 со елементите на случајната променлива.

list2=Sequence[BinomialCoefficient[n, k] p^(k) (1 - p)^(n - k), k, 0, n]   Ја дефинира list2 со веројатностите.

Соодветните наредби на македонски (внимавате на кирилица и латиница) се:

листа1=Низа[k-1,k,1,N]

листа2=Низа[БиноменКоефициент[n, k] p^(k) (1 - p)^(n - k), k, 0, n]

Понатамошните дефиниции се исти за сите дискретни случајни променливи (види дискретна случајна променлива).


Remove ads

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads