Битка кај Арменско
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Битката кај Арменско е борба помеѓу здружените чети на Македонската револуционерна организација и турската армија кај месноста Бигла во близината на селото Арменско, Леринско во текот на Илинденското востание.[1]
Битката
Таа започнала на 17 август 1903 година и се водела помеѓу здружените чети од Леринско и Костурско, нивниот број изнесувал околу 300 - 400 души, тие се бореле против турскиот гарнизон кој се состоел од 250 војници, засилен со уште 2000 аскер. Битката се водела кај месноста Бигла и траела до ноќта кога османлиската војска се повлекла кон Лерин. Турците имале околу 100 загинати и 50 - тина ранети додоека пак востаниците имале 15 загинати и 33 ранети.[2] При повлекувањето османлиската војска го запалила селото Арменско притоа убивајќи 130 селани,[1] ранувајќи 33, а 15 моми биле обесчестени.[2]
Remove ads
Извори
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads