Арменско

село во Леринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Арменскоmap
Remove ads

Арменско или Ерменско (грчки: Άλωνα, Алона; до 1927 г. Αρμένσκο, Арменско[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на Леринскиот округ, Грција. До денес е населено исклучиво со Македонци.[3]

Кратки факти Арменско Άλωνα, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во превојот меѓу планините Пелистер и Нередска Планина близу изворите на Сакулева Река, на 4 км западно од градот Лерин.

Историја

Во Отоманското Царство

Thumb
Манастирот „Св. Ѓорѓи“.

Се смета дека селото е основано од лажичари (занаетчии кои изработувале лажици). Во втората половина на XV век селото било дервенџиско.[4] Во османлиските дефтери на немуслиманското население од 1626–1627 г. селото се води под името Ерменчева со 53 даночно обврзани домаќинства.[5]

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Арменско (Армѣнско) како македонско село.[6][7] На етничката карта на долината на Вардар од 1861 г. Јохан фон Хан го означил Арменско како македонско село.[6][8] Во 1873 г. е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“.[9] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Арменско (Armensko) било село со 30 домаќинства на вкупно 115 жители Македонци.[10][11] Во 1878 г. во Леринско дејстувала четата на војводата Божин Јованов од Арменско.[12] Арменско било единственото чифличко село во Леринско и му плаќало 700 лири годишен данок на Орхан-бег од Костур, сопственик на земјиштето. Во 1888 г. селото одбило да ги признае сопственичките права на бегот, и по долг судски процес селаните успеале да си го откупат земјиштето на почетокот на XX век. Во 1889 г. Стефан Верковиќ напишал дека во селото живеат 49 македонски семејства (252 лица).[10][13]

Во селото имало месен комитет на ВМОРО чии раководители биле учителот Козма Чеков и Митре Търсјанчето.[14] Меѓу 1896 и 1900 г. селото прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[15]

Ѓорче Петров напишал дека селото има 120 куќи со 720 жители, а според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) в 1900 година Ерменско (Арменско) има 1.080 жители Македонци.[10][16]

На Етнографската карта на Битолския Вилает од 1901 г. Арменско е претставено како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 180 куќи.[17]

Според Христо Настев, околу 1903 г. Арменско имало 230 македонски куќи. Жителите на селото зеле активно учество во Илинденското востание истата година — селото имало 24 востаници. Отоманската војска го изгорела речиси целото село освен седум куќи и убила преку 130 негови жители.[18][19] Според извештај на на раководителите на востанието во Костурско Васил Чакаларов, Лазар Поп-Трајков, Пандо Кљашев, Манол Розов и Михаил Розов, испратено до сите странски конзулати во Битола на 30 август 1903 г. цело Арменско било изгорено и 20 лица биле заробени.[20] Според Георги Поп Христов биле убиени 120 лица, од кои 15 жени биле обесчестени и заклани, а 33 лица биле ранети. Бил убиен и селскиот патријаршисти свештеник Лазар. Од Лерин стасал грчкиот митрополит кој направил список на убиените патријаршисти и егзархисти.[21]

Во ноември 1903 г. селото е посетено од егзархискиот владика Григориј Пелагониски, кој им раздал помош на настраданото население. Владиката го пречекале сите селани. Наум Темчев, кој го придружувал Григориј, напишал: „[Селото] беше купишта од урнатини. Сред тие урнатини наместа се белееја колипки покриени со слама. Крај селото беа собрани селаните за да го пречекаат владиката. Од 160 куќи здрави останале 11.[22] Егзархискиот свештеник Крсте дал список на убиените 49 мажи, 17 жени и 5 деца, како и 9 тешко ранети.[23] Едип-паша, претседателот на комисијата испратена да го иследи поведението на војската, со закани се обидел да им се наложи на селаните да изјават дека во селото имало комити, порати што тие самите се виновни за настанатото.[24]

На почетокот на 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда.[25] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Арменско имало 1.440 Македонци егзархисти и работело бугарско училиште.[10][26]

По 1900 г. се засилило иселувањето на жителите на Арменско во Америка, претежно во САД. Според трговскиот агент Андреј Тошев во Битола, на почетокот на 1904 г. 120 лица од селото заминале на работа во Америка. Во првите месеци на 1905 г. забележани се уште 49 иселеници.[27]

Во 1905 г. селото настрадало од андартски напади.[28]

Во телеграма испратна до Отоманскиот парламент селаните се пожалиле дека главната црква и училиштето им се узурпирани од патријаршистите, оставајќи им ја само споредната црква вон селото. Тие побарале да им се вратат, бидејќи истите биле создадени со нивни средства.[29]}}

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Арменско пред Балканските војни имало 150 куќи на Македонци христијани.[30]

За време на Првата балканска војна во 1912 г. селото е делумно изгорено и опљачкано од турска војска, а многу жени биле силувани.[31]

Во Грција

Thumb
Арменско за време на Првата светска војна

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 990 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 782, веројатно поради Првата светска војна.[3] Во 1927 г. селото е преименувано во Алонас.[32] Во 1932 г. во селото имало 198 македонојазични семејства.

Во 1936-1937 г. Симеон Станоис во Арменско издавал весник „Етники фони“ (во прев. Народен глас).

По германската окупација во април 1941 г. во селото е создадена бугарска општинска власт. Во советот биле Темелко Костадинов, Танас Вранчев, Атанас Јуруков, Крсте Неданов, Лазар Наков, Пане Вранчев, Павле Вранчев, Новаче Новаков, Илија Крстев и Васил Иванов.[33] Основан е и огранок на паравоената организација „Охрана“. Во 1945 г. 30 жители на селото се судени за учество во таа организација.[34]

Во 1945 г. во селото се заведени 978 Македонци, од кои еден дел биле прогрчки настроени. За време на Граѓанската војна Арменско не пострадало силно, но дало извесен број жртви и бегалци во НР Македонија и социјалистичките земји. По војната населението забележало значаен пад поради големо иселување во прекуокеанските земји.

Жителите се занимаваат со земјоделство и сточарство.[3]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

Цркви

Личности

  • Анастас Илиев (Чачов, 1887 - ?) — иселенички деец, член на ЦК на Македонската патриотска организација
  • Анастас Лазаров (1884 - 1960) — револуционер и борец во МОО, војник во партизанската чета на Иван Попов
  • Анастас Филипов (1889 – ?) — иселенички деец
  • Андреја Костов (1882 – ?) — општественик и деец на МПО
  • Атанасиос Алексидис (1912 - 1998) — политичар во Грција
  • Георгиос Симу (1883 - 1957) — политичар во Грција
  • Димитар Филипов — духовник и револуционер
  • Иван Гочев (1892 – 1967) — комунистички деец
  • Иван Крстев (1876 – ?) — борец во МОО, I чета на VI Охридска дружина, носител на орденот „За храброст“ IV степен[40]
  • Иван Гочев Курлинов — деец на ВМОРО, во 1902 г. бил војвода на селската чета[41]
  • Илија Божинов (1877 – ?) — револуционер
  • Константин Темелков (Константинос Темелку, Κωνσταντίνος Τεμέλκου) — гркомански андарт, убиен од мештани[42]
  • Лазар Христов — борец во МОО, Зборна партизанска чета[43]
  • Панко Стамкоски (1938 - 2007) — македонски општественик во Австралија
  • Петре Попилиев (? – 1948) — комунист[44]
  • Петар Алексиев (Петрос Алексиу, Πέτρος Αλεξίου) — гркомански андартски деец, убиен од егзархисти[42]
  • Петар Стојков (Петрос Стојку, Πέτρος Στόικου) — гркомански андартски деец, убиен од егзархисти[42]
  • Симо Велјанов — револуционер, учесник во Илинденското востание, иселеник во Торонто, Канада[45]
  • Симо Стојанов (Симос Стојанис, Симос Јоанидис, Симос Арменскиотис, Αρμενσκιώτης Σίμος) — гркомански андартски капетан
  • Спиридон Тасе (Σπυρίδων Τάσε) — андартски деец, убиен од Македонци[42]
  • Тома Димитров — хирург во Америка
  • Трајан Гочев Курлинов — деец на ВМОРО, од 1904 до 1907 г. војвода селската чета[41]
  • Јане Стојан Чочов (? – 1944) — комунистички деец[46]
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads