Биџова Маала

From Wikipedia, the free encyclopedia

Биџова Маалаmap
Remove ads

Биџова Маала (грчки: Πιπεριές, Пипериес или Πιπεριά, Пиперија; до 1926 г. Μπίτζιο Μαχαλά, Биѕјо Махала[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 447 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено со Турци-Јуруци.[3]

Кратки факти Биџова Маала Πιπεριές, Земја ...
Remove ads

Географија

Биџова Маала е сместена во средишниот дел на котлината Меглен (Моглена), 3 км западно од С’ботско.[4]

Историја

Во Отоманското Царство

Ова е релативно нова населба, подигната од турски сточари од народноста Јуруци. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Биџо Махалеси (Bidjo Mahalessi) било село во Воденската каза со 30 куќи на 108 жители муслимани.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Биџо Махале живееле 700 Турци.[6]

Во Грција

Thumb
Чудотворната икона на Богородица од XII век, донесена од дојденците од Генџе кај Паномо (Бандрма).

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 1.201 жител (или 946), кои во 1920 г. спаднале на 797.[3] Во 1920-тите населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле грчки колонисти од Пропонтида, главно од селата Гоња (Гонија), Армутли, Генџе, Скамнија, Триглија (Зејтинбаг), Ајвали (Ајвалак), Бурса, Смирна (Измир), Катрли, Сафрамполи, Адампазар (Адапазар), Артаки (Ердек), Панормо (Бандрма), Амасија, Вајвури, Вајзири, Кесарија (Кајсери), Ванири, Караитини, Ортаќој, Пуеси, Сариќој, Севастија (Сивас) и Трапезунд (Трабзон). Во истиот период се населиле и 12 македонски семејства од Пожарско. Доселениците изградиле црква во периодот од 1953 до 1965 г. во која чуваат чудотворна икона на Богородица од XII век, досена од Панормо.[4]

Во 1926 г. селото е преименувано во Пипериес. Според пописот од 1928 г. селото имало 579 лица од дојденски семејства 134, и ги испушта македонските.[7] Меѓутоа, според Тодор Симовски во 1928 г. Биџова Маала имала 427 жители, од кои 389 дојденци и 38 Македонци. Во 1940 г. селото имало 631 жител, од кои 90 биле Македонци.[3]

Селото настрадало во Втората светска и Граѓанската војна. Неколку семејства и поединци од Македонците пребегале во Р Македонија, а извесен број доселенички семејства се засолниле на други побезбедни места. Така, во 1951 г. бројот на жители се намалил на 390, а подоцна почнал да се опорава.[3]

Во 1991 г. е забележано дека во Биџова Маала имала 542 жители, од кои 14 македонски семејства, 22 доселенички од Понд, а останатите од Мала Азија. Оние од Понд зборувале грчки, додека останатите дојденци од Мала Азија зборувале турски како мајчин,[3] иако веќе биле во силна јазична асимилација.

Според истражување од 1993 г. селото мешано „словенојазично-дојденско“, во кое македонскиот и понтскиот грчки се зачувани на средно ниво, а турскиот на ниско.[8]

Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Главни производи на селото се индустриската пиперка, свилена буба, житото и друго. Мошне развиени се овоштарството и лозарството, а делумно и сточарството.[3]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads