Пожарско
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пожарско (грчки: Λουτράκι, Лутраки, до 1922 година Ποζάρ, Позар)[2][3] — село во Мегленско, Егејска Македонија (денес Грција).
Remove ads
Географија и местоположба
Пожарско се наоѓа во северозападниот дел од котлината Меглен, во јужното подножје на планината Ниџе, на 13 км од градот С’ботско, 33 км од Воден. Селото се состои од две маала: Горно и Долно Пожарско. Над селото се наоѓаат Пожарската Клисура, Пожарските Бањи, Мегленскиот пештерски парк (низа пештери со остатоци од праисториско домување,[4] како и напуштеното Горно Пожарско со црквата „Св. Јован Претеча“.[5]
Remove ads
Историја
Пожарско за време на Граѓанската војна (1946-1949)
За време на граѓанската војна во Грција голем број на жители од Пожарско се вклучиле во редовите на ДАГ.
Нападот на селото Пожарско се случил на 25 септември 1946 година, кога водачот на грчката воена единица, Кирјакос, навлегол со своите војници од правецот на селото Тресино.[6] До смрт биле претепани 14 селани.[6]
Во 1947 година, владините трупи во офанзифа против единиците на ДАГ запалиле повеќе куќи во Пожарско, а на 6 март 1947 година во целост било изгорено селото Горно Пожарско.[6]
Во 1948 година, кога селото се наоѓало под контрола на ДАГ било отворено училиште на македонски јазик.[6] На 24 август 1948 година во Пожарско се судриле неколку единици на ДАГ со грчката војска. Поради жестоките судири, 30 семејства побегнале кон градот С’ботско.[6] На 6 февруари 1948 врз Пожарско биле истрелани 6 артилериски гранати, при што една жена била смртно погодена, а на 9 март истата година од гранати била погодена и уништена селската црква.[6]
По завршувањето на војната, голем број Македонци од Пожарско под притисок ги напуштиле своите домови и најпрво се населиле во Војводина, за потоа да создадат свои живеалишта во Штип и Штипско, Велес и Велешко, Прилеп и Прилепско, Скопје и Скопско и други места.[6]
Remove ads
Стопанство
Демографија
Во 2011 година во Пожарско живееле 1.146 жители. Најголем дел од жителите се Македонци, а според едно истражување од 1993 година македонскиот јазик бил зачуван на високо ниво.[7]
Културни и природни знаменитости

- Цркви
- Црква „Св. Јован Претеча“ од XIX век
Личности
- Ристо Дурдубаков (1892 - 1914) — комита, загинал на само 22 години.
- Димо Кироваков (18?? - 1948) — најстариот партизан во мегленско.
- Петре Кироваков (1914 - 2001) — познат по голготата со пренесувањето на моштите на татко му од Гаково (Војводина) па сè до Пожарско. За оваа голгота постои и најгледаниот документарен филм "Аманет" кој е прикажува на телиевизија повекепати годишно.
- Марија Кировакова (1914 - 2001) — политичка врска на КП со локалниот штаб за време на војната.
- Крсте Нушков — најмлад учесник-борец во ДАГ, познат под името „Декаексарис“,се приклучил на борбите на 14 годишна возраст.
- Иван Чаповски (1936 - ) — поет, романописец и публицист
- Бицевски Трпе (1938-) - проф.д-р етномузиколог, автор на 16 книги од областа на етномузикологијата, добитник на повеќе општествени награди, голем патриот
- Петре Катаров — македонски револуционер од ВМОРО.[8]
- Никола Трајков Кирков — македонски револуционер од ВМОРО.[8]
- Ристо Ковачев — македонски револуционер од ВМОРО.[8]
- Костантин Кокоданов — македонски револуционер од ВМОРО.[8]
- Златан Дулев — македонски револуционер од ВМОРО.[9]
- Георги Анџијев — македонски револуционер од ВМОРО.[10]
- Петре Бурназов — македонски револуционер од ВМОРО.[10]
- Митре Валчев — македонски револуционер од ВМОРО.[10]
- Костадин Нушков — македонски револуционер од ВМОРО.[11]
- Јован Гешов Самандов — македонски револуционер од ВМОРО.[12]
- Алексо Гешов Самандов — македонски револуционер од ВМОРО.[12]
- Иван Ристев Смреков — македонски револуционер од ВМОРО.[12]
- Трајко Иванов Трајков — македонски револуционер од ВМОРО.[12]
Remove ads
Иселеништво
Горно Пожарско е целосно опустошено и запалено во 1948 година. Населението е принудено да се исели и се раселува по светот. Најголемиот дел во тој период заминува во с. Гаково — Сомбор, Војводина. А потоа се снаоѓаат насекаде по светот. Денес ги има во Штип, Битола, Скопје, Прилеп и на други места како во Македонија, така и низ светот.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads