Благој Бочварски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Благој Бочварски
Remove ads

Благој Бочварски (р. 9 јануари 1985 во Штип) — македонски политичар, актуелен министер за транспорт и врски, поранешен градоначалник на Штип, поранешен пратеник од редовите на СДСМ и актуелен потпретседател на партијата.[1] Основно и средно училиште завршил во Штип, а дипломирал на студиите по архитектура на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Членува во СДСМ од 2002 година, а во 2013 година бил избран за член на извршниот одбор на партијата.[2]

Кратки факти Благој Бочварски, Градоначалник на Општина Штип ...

Бочварски во периодот 2011–2016 работел како архитект во приватна градежна компанија, по што бил избран за пратеник на парламентарните избори во 2016 година како втор носител на список на СДСМ во третата изборна единица, каде партијата освоила девет мандати.[3] На партискиот конгрес во јуни 2017 година тој бил именуван за потпретседател на СДСМ и член на централниот одбор.[4] На локалните избори во 2017 година, Бочварски остварил победа во вториот круг, а на 3 ноември го презел раководењето со Општина Штип.[5]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads