Македонски парламентарни избори (2016)
парламентарни избори во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Предвремените парламентарни избори во 2016 година — избори кои се одржале на 11 декември 2016 година.
Remove ads
Заднина
Политичка криза
На 31 јануари 2015 година премиерот Никола Груевски, на прес-конференција објавил дека добивал закани од водачот на опозицијата Зоран Заев за објавување на нелегално добиен материјал од странска разузнавачка служба. Започнувајќи од 9 февруари 2015 година водачот на опозицијата, Зоран Заев, преку проектот „Вистината за Македонија“ започнал со објавување на прислушкуваните разговори (т.н. „бомби“), за кои тој обвинил дека власта незаконски ги прислушкувала граѓаните.[1] На 5 мај започнале протести по објавувањето на снимката за убиството на Мартин Нешковски. На 12 мај оставки си поднеле Гордана Јанкуловска од функцијата министер за внатрешни работи, Миле Јанакиевски од функцијата министер за транспорт и врски и Сашо Мијалков од функцијата директор на УБК по вооружената престрелка во Куманово. По големиот протест на СДСМ и на „Граѓаните за Македонија“ на 17 мај, опозицијата пред зградата на Владата постави шатори, а камперите таму останаа до 16 јули, со барање премиерот Никола Груевски да си замине од власт.
Пржински договор
На 2 јуни 2015 во Пржино бил постигнат договор од страна на водачите на четирите најголеми партии за разрешување на политичката криза. Договорот предвидел враќање на СДСМ во парламентот, нови министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика предложени од страна на СДСМ и одржување на предвремени парламентарни избори. На 15 септември Советот на јавни обвинители на предлог на Собранието ја избрал Катица Јанева за специјален јавен обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите. СДСM, според договорот од Пржино, доби двајца министри во техничката влада за спроведување на изборите. Оливер Спасовски станал министер за внатрешни работи, Фросина Ременски за труд и социјална политика, а Љупчо Николовски, Александар Кирацовски и Кире Наумов станале дополнителни заменици-министри во министерствата за земјоделство, информатичко општество и за финансии. На 30 декември 2015 Заев ги предал материјалите од незаконското следење на комуникациите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Согласно договорот од Пржино, на 18 јануари премиерот Никола Груевски поднел оставка, по речиси десет години на функцијата, а на негово место дошол генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев, кој бил технички премиер за спроведување на изборите. На 12 февруари СЈО отворило истражна постапка за својот прв случај, под кодно име „Титаник“, за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, поткуп при избори, уништување на изборни материјали и злоупотреба на средства за изборна кампања за локални избори во 2013.
На 12 април 2016 претседателот на државата, Ѓорге Иванов, донел општ акт за прекинување на сите кривични постапки што се водат против политичари и функционери во Република Македонија, и од власта и од опозицијата, со кој помилувал вкупно 56 лица. По одржаните протести во наредните денови, на 27 мај претседателот ја повлекол одлуката за помилување за 22 најекспонирани политичари, а на 6 јуни и сите преостанати одлуки за помилување. На 14 јуни оставка си поднел вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.[2]
Разрешница на кризата
На 18 октомври 2016 претседателот на Собранието Трајко Вељаноски донел решение за распишување на предвремени парламентарни избори.[3] Изборната кампања започнала на 21 ноември и завршила на 10 декември, на денот на изборен молк. Кампањата на СДСМ била насловена „За живот во Македонија“, додека ВМРО-ДПМНЕ се претставила со програмата „Реално“. Изборите биле одржани на 11 декември.[4]
Remove ads
Изборен модел
За овие избори се применува пропорционален модел со затворени листи. 120 пратеници се избираат во шест изборни единици, по 20 од секоја, при што мандатите се распределуваат според Донтовиот метод.
Промени во моделот имаше за гласањето на дијаспората. Бидејќи на претходните избори, тројцата пратеници од дијаспората се избираа со помалку гласови отколку пратениците во Република Македонија, овој пат дијаспората наместо во три, гласаше во една (седма) изборна единица. Првиот пратеник во седмата изборна единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија е избран доколку списокот на кандидати за пратеници освоила најмалку онолкав број на гласови со коишто е избран пратеник со најмал број на гласови во изборните единици во Република Македонија на последните парламентарни избори во Република Македонија, вториот пратеник е избран доколку списокот на кандидати за пратеници освоила двојно поголем број на гласови, а третиот со тројно поголем број на гласови од бројот на гласови со коишто е избран пратеник со најмал број на гласови во изборните единици во Република Македонија на последните парламентарни избори во Република Македонија. Доколку ниту една од листите на пратеници не го добила потребниот број на минимум гласови не се избира ниту еден пратеник.
Remove ads
Гласачи
Според избирачкиот список составот на гласачите е следниов:[5]
Учесници на изборите
Според утврдените листи на кандидати за пратеници во изборните единици 1,2,3,4,5 и 6 биле предложени и утврдени 58 листи со вкупно 1.160 кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, а во изборната единица 7 се предложени и утврдени 4 листи со вкупно 12 кандидати за изборн а пратеници во Собранието на Република Македонија. На изборите учествувале 5 коалиции, а самостојно учествувале 6 партии. Во коалиција односно самостојно учествувале вкупно 53 партии.
Партии и коалиции (според реден број):
- ВМРО-ДПМНЕ, Социјалистичка партија на Македонија, Демократска партија на Србите во Македонија, Сојуз на Ромите од Македонија, Партија на правдата, Граѓанска опција за Македонија, Странка на демократска акција на Македонија, Партија на Власите од Македонија, Партија за интеграција на Ромите, Работничко-земјоделска партија, ТМРО, Македонска акција, Нова либерална партија, Партија на обединети демократи на Македонија, Македонска алијанса, Демократска партија на Турците на Македонија, ВМРО-ДП, Демократска Бошњачка партија, Демократска партија на Ромите, Социјалдемократска унија, Роми обединети од Македонија, Сојуз на Титови леви сили, Обединета партија за еднаквост на Ромите, Движење за национално единство на Турците во Македонија, Демократски сили на Ромите
- Демократска партија на Албанците
- Демократска унија за интеграција
- СДСМ, Нова социјалдемократска партија, Либерално-демократска партија, Партија за движење на Турците во Македонија, Нова алтернатива, Демократски сојуз на Власите од Македонија, Српска странка во Македонија, Партија за економски промени, Партија на обединети пензионери, Партија за европска иднина, Алијанса за позитивна Македонија, Демократска обнова на Македонија, Српска напредна странка во Македонија, Партија за целосна еманципација на Ромите
- „Коалиција за промени и правда - Трет блок“ (Демократски сојуз, Фронт за демократска Македонија, Демос, МОРО-Работничка партија)
- Партија за демократски просперитет
- Коалиција „Алијанса за Албанците“ (Движење за реформи - ДПА, Единство, Национална демократска преродба)
- Либерална партија на Македонија
- Коалиција „ВМРО за Македонија“ (ВМРО-Народна партија, Достоинство, Обединети за Македонија)
- Движење Беса
- Левица
Remove ads
Финансирање на кампањата
Remove ads
Резултати
49 | 10 | 3 | 51 | 5 | 2 |
За живот во Македонија | ДУИ | АА | За подобра Македонија | БЕСА | ДПА |
Резултати по изборни единици
Распределба на мандатите
Remove ads
Реакции по изборите
Remove ads
Епилог

Мандатите на пратениците биле заверени на основачката седница на Собранието одржана на 30 декември. На 9 јануари 2017. Иванов го доделил мандатот за формирање влада на Груевски, но Груевски не успеал во уставно предвидениот рок од 20 дена да состави влада.
Заев успеал да оформи парламентарно мнозинство преку коалиција на СДСМ со ДУИ, Беса, и коалицијата Алијанса за Албанците, по што на 27 февруари доставил 67 пратенички потписи до Иванов за добивање мандат. Талат Џафери бил избран за собраниски претседател на 27 април 2017 после 20 продолженија на конститутивната седница. По изборот на Џафери следуваше упад во Собранието на околу 300 демонстранти, чиј исход беа и неколку претепани пратеници. Зоран Заев го добил добил мандатот за состав на влада од страна на претседателот Иванов на 17 мај, по испорачаната изјава со гаранција за зачувување унитарноста на државата. На 31 мај била изгласана новата македонска влада, 171 ден по завршувањето на изборите.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads