Благуњо дејче, пожаранче
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Благуњо дејче, пожаранче (или Благуно дејче, пожаранче) — македонска песна од почетокот на XX век во која се говори за неостварената љубов на младиот Аце Абаџијата кон познатата убавица Благуна Ѓолова, наречена Пожаранка (1889 - 1956), бидејќи родум била од гостиварското село Пожаране.[1]

Историја на настанувањето
Благуња е родена на 11 април 1889 година во село Пожаране и била трето дете на Никола Ѓолов, поранешен печалбар во Влашко. Таа имала двајца браќа, Захарија и Александар. И двајцата биле многу надарени и паметни деца, па татко им ги пратил на школување. Захарија учел во Москва, а Александар во гимназија во Цариград, а од таму заминал во Париз на Сорбона, каде студирал право. По завршувањето на студиите, од Кралството Србија бил упатен на дипломатска работа Франција, Швајцарија, Австрија и Турција.
Во првите години од XX век, татко ѝ Никола продал сѐ што имал во Пожаране и купил куќа во Тетово, во Горна Чаршија, на десната страна од реката Пена. Песната за убавата Благуња ја испеале другарите на Аце Aбаџијата, кој безуспешно пратил стројници да ја побараат.
Благуња се омажила за Диме Бошњакoски, 1905 година. Аце умрел млад, а Благуња пожаранка Бошњакоска проживеала 67 години. Закопана е во семејна гробница на тетовските градски гробишта.[2] На надгробната плоча стои дека нејзиното име е Благуња, а не Благуна, како што погрешно се пее од некои исполнители.
Remove ads
Изведби
Песната Благуњо дејче, пожаранче со својата убавина и популарност ги надмина границите на Македонија и е најизведуваната тетовска песна воопшто. Таа е и првата тетовска песна снимена на носач на звук: уште 1920-те на ЛП плоча ја става хармоникашот Бора Јаниќ - Шапчанин, а во 1942 на својата ЛП плоча ја става и тогаш најпознатиот југословенски изведувач Едо Љубиќ.[3] Таа е на репертоарот на повеќе пејачи на народни песни од Македонија, Србија и пошироко.[4]
- Амадеус Бенд
- Благица Павловска и Зоран Ванев
- Благица Павловска и Наум Петрески
- Верица Шерифовиќ и Шабан Шаулиќ
- Влатко Лозаноски
- Елена Петревска и Горан Наумовски
- Елена Ристевска и Миле Кузмановски
- Есма Реџепова и Зоран Џорлев
- Есма Реџепова и Предраг Гојковиќ - Цуне
- Лепа Брена
- Мерима Његомир и Станиша Стошиќ
- Смиља Митревска и Пепи Бавтировски
- Сузана Спасовска и Пепи Бавтировски
- Стоја и Јашар Ахмедовски
- Ферус Мустафов и Огнени момчиња
- Alex и Alen
- Hannah Berger
- KulturShock
- Teodulia
Remove ads
Текст
Благуњо дејче, мори пожаранче, ајде,
отвори ми џамли пенџер
сакам да те видим ја.
Еј, ѓиди, Аце море аџамијо, ајде,
што д`отворим џамли пенџер
когај не те сакам ја.
Благуњо дејче, мори пожаранче, ајде,
ја подај ми бело лице
сакам да го љубим ја.
Еј, ѓиди, Аце море амаџијо, ајде,
што да давам бело лице
когај не те сакам ја.
Поврзано
- Благуњо дејче, пожаранче — на Викиизвор
Надворешни врски
- Благуно дејче мори пожаранче Архивирано на 21 ноември 2020 г.
- АНСАМБЛ СЕРЕНАДА Архивирано на 9 јуни 2020 г.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads