Пена

река во Општина Тетово, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Пенаmap
Remove ads

Пена, во постарата книжевност Тетовска Бистрица, Тетовска Река (во некои пишани извори позната и како Шарска Река.[1]) — најголемата шарпланинска река после Вардар во Полошката Котлина. Таа е и воедно најголема вардарска притока од шарпланинските реки. Во подалечното минато била нарекувана Хтетовчица

Кратки факти Пена, Местоположба ...
Remove ads

Извор и устие

Thumb
Реката југозападно од Бозовце.
Thumb
Камен мост на реката Пена во Тетово.

Извориштето на реката започнува кај месноста Чабриолица и Борислоица,[2] на јужната страна на циркот Џинибег, на некаде околу 2.400 метри надморска висина, во ливадеста зарамнина на височина.[3] Највисокиот извор (41.967096°N 20.769833°E / 41.967096; 20.769833) понекогаш пресушува, додека подолниот извор е повеќесезонски (41.972882°N 20.765493°E / 41.972882; 20.765493).

Од нејзина десна страна, во неа се вливаат водотеците на Кривошијска и Лешничка Река.[3] Горниот тек на реката е месно наречен Бозовска Река.[4]

Таа тече непосредно јужно од селата Бозовце, Вешала и Бродец.

Следни други притоки на Пена се: Чепеновска, Скакалска, Караниколска, Бродечка,[3] Пржина, Вејчка, и уште други 4 реки[5].

Поминувајќи низ самото средиште на Тетово, таа се спушта во полошкото поле, и кај селото Сараќино се влева во Вардар.

Remove ads

Особености

Извориштата на реката се на околу 2.500 метри надморска висина и со висинска разлика од околу 1.914 м. Реката е долга 29,7 км.

Значење

Пена има големе значење за градот Тетово и како симбол, а и како објект од голем економски потенцијал. Од туристичка гледна точка, реката со својот див планонски тек и прекрасни водопади, мами голем број на туристи. Од економски аспект реката е важна, бидејќи на неа се наоѓаат 4 мали хидроцентрали, од кои едната е прва хидроцентрала во Македонија.

Во 1979 година, по поројните дождови реката има надојдено и поплавено голем дел од Тетово, при што нанела големи штети.[6]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads