Александар Прокопиев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Александар Прокопиев (Скопје, 24 февруари 1953 ) — македонски прозаист, есеист и поет.[1]
Животопис
Тој бил прозаист и есеист. Роден во Скопје, 1953. Дипломирал и магистрирал на Филолошкиот Факултет во Белград, на групата за компаративна книжевност и теорија на литературата. Работи во Институтот за македонска книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје[2].
Основоположник на постмодернизмот во современата македонска литература.
Делата на Прокопиев се преведени на англиски, јапонски, француски, чешки, германски, унгарски, полски, италијански, руски, српски и бугарски јазик.
Член е на Независните писатели на Македонија.
Remove ads
Творештво
Прокопиев е автор на следниве дела:
- „Младиот мајстор на играта“ (раскази), 1983
- „…или…“ (раскази), 1987
- „Пловидба кон Југ“ (раскази), 1988
- „Слово за змијата“ (раскази), 1992
- „Ars amatoria“ (раскази), 1998
- „Слика тркало“ (хаику), 1998
- „Дали Калимах беше постмодернист?“ (есеи), 1994
- „Патување на сказната“ (есеи), 1996
- „Антиупатства за лична употреба“, 1996/2000
- „Постмодерен Вавилон“ (есеи), 2000
- „Човекот со четири часовници“ (раскази), 2003
- „Борхес и компјутерот“ (есеи), 2005
- „Ѕиркачот“ (новела), 2007
- „Човечулец: бајки од левиот џеб“, 2011
- „Делфин“ (раскази), 2018
- „Синот-риба“ (раскази), 2020[3]
- „Љубовни аматери“ (раскази), 2021
Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[4]
Remove ads
Награди
- Добитник на книжевната награда „Балканика“[5] за 2010 година, за книгата „Човечулец“. Тој го освои првото место во конкуренција од истакнати имиња од повеќе европски земји: Здравка Евтимова од Бугарија, Дејан Стоиљковиќ од Србија, Мира Мекси од Албанија, Христос Економу од Грција, Ома Станеску од Романија и турската писателка Асли Ердоган.
- Номиниран за книжевната награда „Балканика“[6] во 2007 година, за новелата „Ѕиркачот“.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads