Божо Софрониевски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Божо Софрониевски (1 март 1922 во Волковија - 10 ноември 2001 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски и радиски глумец, поет, драмски писател и преведувач.
Remove ads
Животопис
Софрониевски е роден во Волковија, Гостиварско на 1 март 1922 година. Во почетокот на педесеттите години се вработил во Македонскиот народен театар во Скопје, каде што ги остварил своите први улоги во неколку драмски проекти. Подоцна се вработил во Радио Скопје (денес Македонско радио) при РТВ Скопје (денес Македонска радио-телевизија) каде што работел како радиски глумец сè до крајот на својот работен век.
Препознатлив е по синхронизирањето на македонски на некои од ликовите во цртаниот филм „Попај“, во осумдесеттите години од минатиот век. Малку е познато дека Божо Софрониевски е автор на првиот текст за забавна мелодија во Р Македонија - „Мојата гитара“.[1]
Remove ads
Филмографија
- 1961: Мирно лето (споредна улога)
- 1967: Мементо (Руски офицер)
- 1968: Каде по дождот (Пријателот)
- 1972: Истрел (Железничарот)
- 1976: Хихирику
- 1976: Војвода Спиро Црне (Свештеник)
- 1979: Наши години (споредна улога)
- 1982: Илинден (Томо)
- 1984: Хихирику - 5 години
- 1985: Од зад грб (Таткото на Џемо)
- 1988: Скопски сновиденија
- 1989: Еурека (Агент)
- 1993: Бог да ги убие шпионите
- 1994: Прекалени (Мајсторот Аџи Тимион)
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads