1 март
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Предлошка:Март 2025 1 март — 60-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (61-и во престапна година). Остануваат 305 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1913 | Во Петроград е објавен и издаден Меморандумот за независноста на Македонија од страна на ополномоштените Македонци, членови на МНЛД. Испратен до британскиот и рускиот министер за надворешни работи, амбасадорите на големите сили и објавен во европскиот печат. |
| 1917 | Лондонската метро-станица „Портланд Руд“ го добива името „Грејт Портланд Стрит“ |
| 1992 | Во Сараево е убиен Никола Гардовиќ, прва жртва на војната во БиХ. |
| 1994 | Владата на Словачка донесе одлука за признавање на Македонија и за воспоставување на дипломатски односи на ниво на амбасади. |
| 1997 | Изгоре Планинарскиот дом „Дервен“, еден од најстарите во Македонија (изграден 1951 година). |
Родени:
| 1810 | Фредерик Шопен — полски композитор и пијанист, наречен „поет на клавирот“. |
| 1886 | Оскар Кокошка — австриски сликар. |
| 1899 | Димитар Пандилов — прв македонски импресионистички сликар. |
| 1904 | Глен Милер — американски музичар, продуцент и композитор. |
| 1921 | Благоја Корубин — македонски јазичар. |
| 1927 | Хари Белафонте — американски глумец и пејач. |
| 1928 | Жак Ривет — француски режисер. |
| 1929 | Марија Мирчов - Скаловска — македонска оперска и концертна пејачка. |
| 1933 | Шпиро Губерина — хрватски глумец. |
| 1944 | Роџер Далтри — англиски рок-пејач, член на групата „Ху“. |
| 1958 | Ник Кершо — англиски поп-музичар. |
| 1973 | Крис Вебер — американски кошаркар. |
| 1983 | Станка Златева — бугарска борачка. |
| 1989 | Карлос Вела — мексикански фудбалер. |
| 1993 | Хуан Бернат — шпански фудбалер. |
| 1994 | Давид Бабунски — македонски фудбалер. |
| 1994 | Џастин Бибер — канадски поп-пејач и глумец. |
| 2001 | Агон Елези — македонски фудбалер. |
Починале:
| 1643 | Џироламо Фрескобалди — италијански оргулар и композитор, најголем мајстор на органа во своето време. |
| 1911 | Јакоб Хенрик вант Хоф — холандски хемичар, добитник на Нобеловата награда за хемија (1901). |
| 1952 | Грегори Ла Кава — американски филмски режисер. |
| 1971 | Франтишек Хрубин — чешки писател. |
| 1980 | Дикси Дин — англиски фудбалер. |
| 2021 | Златко Крањчар — хрватски фудбалер. |
| 2021 | Миленко Савовиќ — српски и југословенски кошаркар. |
| 2023 | Жист Фонтен — француски фудбалер. |
| 2024 | Акира Торијама — јапонски автор на манга стрипови. |
Празници:
| * | Летник — македонски народен празник, поврзан со почетокот на пролетта и враќањето на преселните птици. |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads