Борење на Летните олимписки игри 2016

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Натпреварите во борење на Летните олимписки игри 2016 ќе се одржат од 14-21 август во Сала 3 од Олимписката вежбалница во Бара да Тижука. Спортот е поделен во две дисциплини: слободен стил[1] и грчко-римски стил.[2] Секоја од двете дисциплини е поделена во повеќе категории. Мажите ќе се натпреваруваат во обете дисциплини, додека жените само во слободен стил.

Повеќе информации Борење наЛетните олимписки игри 2016 ...

Околу 344 борачи се очекува да настапат во вкупно 18 натпревари. Во септември 2013, направени биле нови промени во правилата од страна на Меѓународниот олимписки комитет и ФИЛА (сега позната како „Обединето светско борење“). Притоа, по една категорија била укината од борењето во слободен и грчко-римски стил во машка конкуренција за да се додадат две нови категории во женска конкуренција и на тој начин да се намали половиот јаз и да се овозможи секој од трите стила да имаат по 6 категории.[3][4]

Remove ads

Структура на натпреварување

Во секоја категорија се 19 мажи или 18 жени, и уште 6 други натпреварувачи распоредени преку земјата-домаќин или тројната комисија. Борачите преку жреб било одредено да се натпреваруваат во квалификации за нивниот број да се намали на 16, по што следува фаза на елиминации за одредување на финалистите и освојувачи на златен и сребрен медал. Натпреварувачите кои во двете половини од елиминациската фаза ќе бидат поразени во осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето од двајцата финалисти ќе разигруваат за два бронзени медали, при што поразените во полуфиналните натпревари ќе имаат натпревар помалку во разигрувањето.[1][2]

Remove ads

Распоред

Натпреварите ќе бидат распоредени во два дела во секој натпреварувачки ден од олимписката програма. Освен последниот ден, првиот дел (квалификации и елиминациска фаза) ќе се одржи од 10:00 до 13:00 (UTC−03:00), а вториот дел (разигрување и финале) ќе се одржи од 16:0 до 19:00 (UTC−03:00). Поради церемонијата на свечено затворање во вечерниот дел од последниот ден, термините за првиот и вториот дел ќе бидат од 08:30 до 11:15 и од 12:45 до 15:15 (UTC−03:00) соодветно.

ККвалификации и елиминациска фаза ФРазигрување и финале
Повеќе информации Натпревар ↓/Датум →, 14 август ...
Remove ads

Учесници

Земји-уеснички

Официјални судии

Списокот на официјални судии е во продолжение:[5]

  • Германија Антонио Р. Силвестри (шеф на судиската комисија)
  • Куба Гуљелмо Орестес Молина Гонсалес (инструктор)
  • Италија Едит Доса (инструктор)
  • Јапонија Осаму Саито (инструктор)
  • Русија Андреј Криков (инструктор)
  • Тунис Камел Мохамед Буазиз (инструктор)
  • Турција Халил Ибрахим Џиџиоглу (инструктор)
  • САД Зах Ерет (инструктор)
  • Узбекистан Константин Михајлов (инструктор)
  • Финска Перти Вехвилеинен (инструктор)
  • Франција Режин Легло (надзорник)
  • Грузија Едишер Махаиѕе (надзорник)
  • Казахстан Бахитжан Јаксикулов (надзорник)
  • Мароко Норедин Мохафа (надзорник)
  • Русија Сергеј Новаковскиј (надзорник)

Наводи

Надворешни врски

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads