Боре Трајковски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Боре Денков Трајковски ( 1924 во Горно Коњари 1945 во Горно Коњари) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

Потекнувал од земјоделско семејство. Завршил основно училиште, а подоцна работел како земјоделец. По ослободувањето на Македонија, на 15 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада и учествувал во борбите за расчистување на балистичките банди во Гнилане и други места. Подоцна заминал во Земун, каде завршил тримесечна воена обука. Наместо на Сремскиот фронт, останал во Белград да ги чува заробените Германци. Таму се разболел од голема настинка, поради што бил ослободен од армијата. По враќањето дома, подлегнал на болеста.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads